„Персоналните односи и договори меѓу Мицкоски и Села на јавноста не ѝ се познати, но излегува дека Села побргу од Мицкоски настојува да го заборави историјатот и фактите на обидот за државен удар во Собранието, во кој беа натепани многумина, а за неколкумина имаше подготвени и полоши сценарија од она што му се случи на Села“, читајте повеќе во колумната на Сашо Орданоски „И Села сит и Мицкоски на број?“.
ЕДИТОРИЈАЛ „Во малото кралство на Мицкоски, тој е врховниот судија и може со една реченица да осуди луѓе на десетици години затвор и да каже дека истрагата во која учествуваат германски истражители не е објективна. Нему му се важни оставките. Тој се гади од Заев. И ќе победи на изборите, како и на сите избори до сега“, читајте повеќе во едиторијалот на Џабир Дерала „Храбриот витез кој „хируршки прецизно“ ќе ги отстрани владата и институциите“.
УВИД Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска, ќе извршат увид на завршните активности за реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом во 12 часот.
КОНФЕРЕНЦИЈА Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), организира завршна конференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“, во хотел „Солун“ во 11 часот.
СТАТУАФЕСТ На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска и утре од 18:30 до 21.30 часот ќе се одржува петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица“, во организација на Зружението на граѓани ТимТеатросК, со поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.