• Latest
Зоран Иванов

И темно и тажно

December 4, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И темно и тажно

December 4, 2021 08:30
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

На европската коруптивна скала и двете, и трите држави, се на самиот врв. И како и досега, по инерција и без никаков сомнеж, секоја ќе си ги заташка сопствените корупции. Па затоа и на двете, онака топтан, местото им е во Хаг.

Мисијата во Столицата беше, малку смешна, малку наивна. Онака, во стилот овде познат како „Пинки го виде Тито“. Озарени, радосни и среќни што си го видоа Радев, нашите Бугари си се вратија дома каде што овдешниот режим ќе продолжи уште пожестоко да ги измачува поради нивните етничко татковински чувства.

Анкетарите анкетата како да ја спроведувале во мрачниот среден век. Како уште тогаш, во тоа време на инквизиции, на духовен и физички терор, да замрзнал нашиот колективен, сега веќе фосилен менталитет.

Темава, поточно темиве се темни. Би требало да бидат некој вид осврт, пресек на неколку случувања. Некаков личен, субјективен поглед врз некои од мноштвото минатомесечни ноемвриски случувања. Дека е мачно мемориското копање по сопствените фајлови, посебно кога за се` е веќе се` кажано и напишано. Сепак, еве уште еден обид за уште по нешто. За уште по некој агол од настаните во овој текст нумерички именувани од еден до три и под заедничкиот именител „темница“:

Темница еден

Прво и неизбежно за трагичниот трауматичен настан од катаклизмичен обем. За несреќата на македонскиот автобус. Морничава случка чија вест молскавично го обиколи светот и која веќе по кој знае кој пат на светската карта ја лоцираше нашата балканска кота. И нас како Македонија и нив како Бугарија, па и тие како Турција. Каква Европа какви бакрачи. Или нас конечно да ни појаснат каде ни е местото и нашион источен сосед да го пратат да ни се придружи или, кај и да е, со нас и со соседот ќе се балканизира и Европа.

Да ти шпарта автобус без дозвола, со фалсификувана лиценца и згора, како што дури сега тврди шефот на Државниот транспортен инспекторат, без легални регистарски таблички, без тој матичен број кој е лична карта за секое патно возило, да ти се шета натаму, наваму дури и преку граници на ЕУ, да се  случува тоа не еднаш и двапати како некој ситен шверц, како некаква маалска мангупска итроштина, туку, според граничната евиденција, илегално, на диво, цели сто и триесет пати со по педесет патници. Просто, математички, излегува дека само овој автобус превезол и небезбедно и без нивно знаење прошверцувал шест илјади и седумстотини и педесет деца, жени и мажи. И тоа онака, кому иде.  На ѓутуре. Преку три граници и назад. И преку шест балкански царини.

Е тоа не е инцидент. Тоа е систем. Организиран систем за продукција на криминал каде што алчноста доминира над совеста, а парите над човечките, над детските  животи.  И да не се случеше трагедијата која е производ на околности на институционална коруптивност и на аматерска автопатна сообраќана регулација, прашање е уште колку време ќе егзистираше овој животно загрозувачки криминал. Но прашање е и дали тој сега воопшто и ќе биде затворен.

Сто и триесет и пет пати по педесет патници да превезеш на диво, на црно, преку мито и корупција, да туркаш во ризик по живот патници, родители и деца, само за тие пусти пари, таа монструозност воопшто и нема име. Се качуваш во автобус како да си скокнал на рулет па ако ти падне топчето на црвено ќе се вратиш дома. Ако ти падне на црно … Овој пат падна на црно.

Да, на црно и само затоа што државата, државите замаскирани во сопствените корумпирани институции ги нема никаде. Или ги има пост фестум за да не` бомбардираат и да не` замајуваат со констатации кои сега сите ги гледаме. И без тронка совест да не` подучуваат наместо тие, ние патниците да сме ја проверувале исправноста и легалноста на јавните превозни средства. Наспроти државата тоа да сме го правеле ние. А токму најодговорните во нејзините институциски атари, не само што тоа го дозволуваат, туку, со својата коруптивна грижа, и го помагаат. Го одржуваат и го негуваат дивеењето, во конкретниов трагичен случај, на македонскиот патен автобуски меѓународен превоз но и на нам соседската државна дилетантска, неадекватна и небезбедна автопатна сообраќана регулација.

Прекуграничниот шверц на патници со полулегални автобуси и со фалсификувани дозволи креираат мигови со трауматични непоправливи последици како во случајот со четириесет и петте недолжни жртви меѓу кои и дванаесет деца. И тука нема простор за дилема кој е виновен, а кој не е. Ланецот е долг и видлив. Едни фалсификувале и шверцувале, други замижувале и се омрсувале, трети нестручно граделе и всадиле неадекватна патна регулација и сигнализација, четврти … А на европската корупциска скала и двете држави се на самиот врв. И како и досега, по инерција и без никаков сомнеж, секоја ќе си ги заташка сопствените корупции. Па затоа и на двете, онака топтан, местото им е во Хаг.

И темно и тажно.

Темница два

Нови избори стари политики. Вака некако во два, три збора можеби би можела да се опише новата бугарска постизборна ситуација наспроти тамошната блокада за македонските евроинтеграции.

Старо новиот бугарски претседател Радев, неразбран во Брисел на темите Цар Самуил и Гоце Делчев, од ракав, како кец по десетка ја извлече темата за граѓански права.

По малку ќотек од меѓународната, сега темата историја ја компензира со онаа за човекови права. Во случајов со правата на Бугарите во државата Република Северна Македонија. За покритие и во улога на статисти, си ги викна во Софија водачите на нивните овдешни национални здруженија кои, по дипломатското салто на кое го принуди Брисел и од каде го свртеа за сто и осумдесет, се подметнаа да му ја олеснат коресподенцијата со европската централа. Од не европската историска тема, во европската за човековите права.

Мисијата во Столицата беше, малку смешна, малку наивна. Онака, во стилот овде познат како „Пинки го виде Тито“. Озарени, радосни и среќни што си го видоа Радев, нашите Бугари си се вратија дома каде што овдешниот режим ќе продолжи уште пожестоко да ги измачува поради нивните етничко татковински чувства.

Нашите измачени господа од овде, таму заборавија да потсетат дека, доколку е до тоа, ако им е тоа толку важно, кај и да е, ќе бидат спомнати и во македонскиот устав. Не дека ќе е тоа некоја којзнае каква нивна победа, туку онака, поради ќеф. Впрочем, во македонскиот устав, не само поради тоа што хартијата, нели, трпи се`, туку е веќе потврдено, во него место има дури и за Вавилонците, на пример. Зошто да не. И за Асирците ако треба. Широк е нашиот устав. Има место и за бугарските Тракијци. И тие, кај и да е, ќе кренат глава. Па нека си мислат таму за нивниот устав. Овде нашиот прв правен акт одамна се ремонтираше. Се адаптираше, навреме се престрои, се преобрази во темелник на држава и општество со широко уставно срце во кое, без комплекси, ете има место за сите.

Но, галиба, ниту тие ниту нивниот бугарски претседател не разбраа дека самите си зацапаа во сопствената жива кал од која не ќе знаат како да се извлечат кога напоредно со македонските преговори за Унијата, на темата човекови права, ќе се најдат заедно на истата бриселска маса. Државата и општеството кое до вчера насила ги асимилираше тамошните Турци, кои се уште Ромите, наспроти нивната волја, ги нарекува Цигани, кои само досега имаат цели шеснаесет стразбуршки извршни пресуди поради негирање на Македонците таму, самите си ја отворија сопствената пандорина кутија.

Е, па, сега нека му ја мислат како ќе се лекуваат од сопствените стравови. И какви се` шокови на таа тема го чека ксенофобното, етномонолитно и мононационално бугарско општество. На европската тема човекови права, се уште тоталитарниот тврд комунистички живковистички правен систем, ќе почне бргу, по европски, да пука по сите етно шевови.

И, очекувано, еднаш, кога тогаш, нели, од темниот тунел, ќе мора да се излезе. Со членството во клубот ЕУ, не може постојано само да се зема. На неговите вредности по нешто ќе треба и да му се враќа. Во однос на Северна Македонија, за службена Бугарија тоа враќање полека но сигурно стануваа се по кошмарно. Самата си се подмести па сега комуникацијата со цивилизираната Европа ќе и станува се` потрудно. И бремето дипломатско што е пред неа, исто.

И темно и тажно.

Темница три

Третиот темен вилает сместен во овие редови е чисто македонски и е, исто така, многу тажен.  Пред некој ден осамна анкета. Релевантно испитување на јавното мислење на  неколку ментално социјални теми. Резултатите се одразот од нашето огледало.

Бројките се неумоливи и поразително го откриваат нашиот колективен ментален поглед. Нашиот, на мнозинството од нас. Бројките велат:

65 %  од македонските граѓани сметаат дека Ковид-19 е креиран за да се контролираат луѓето.

45 %  пак, дека со светот, па и со нас, демек и со нас малите овде на ова ситно балканско парче, управуваат разно разни масони и одбрани невидливи мистериозни и конспиративни фамилии.                    Што да се каже. Анкетарите анкетата како да ја спроведувале во мрчниот среден век. Како уште тогаш, во тоа време на инквизиции, на духовен и физички терор, да замрзнал нашиот колективен, сега веќе фосилен менталитет. Е па, ете, и покрај многуте други нешта, и поради ова, тука сме каде што сме. На патот за ЕУ со тежок ментален товар и со крупни чекори во место.

Патем, не сме уникатни во ова. И во други земји се регистрираат идентични анкетни резултати. Но секоја за себе. За нас еве, ова сме. Резултатите од анкетата, тие неверојатни бројки егзактно ги откриваат нашите заблуди и нашиот доминантен колективен ментален склоп. Тој пак, согласно анкетата, упатува дека сме на самиот раб на орбитата на современите цивилизациски разбирања за светот кој почива исклучиво врз науката.

Па ете, тоа сме си. Колку сме, нели, толку сме. Не само оние од ситната бројка од 65 % и од онаа од 45 % од нас, туку, без исклучок, топтан сите. И какви сме, нели, такви сме. А какви сме, баш токму сме. Ем доминантно корумпирани, ем доминантно балканизирани, ем доминантно заблудени.

И темно и тажно.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ