• Latest

ИДУЕП: Општествените чинители ја препознаваат потребата од аргументирана дебата за дигитализација на образованието

May 30, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ИДУЕП: Општествените чинители ја препознаваат потребата од аргументирана дебата за дигитализација на образованието

May 30, 2021 11:51
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Независно дали и каква одлука финално ќе биде донесена за осовременувањето на образованието, дигитализацијата е процес кој треба да биде долгорочен, да обединува, а секоја одлука за осовременување на воспитно-образовниот процес треба да биде првенствено фокусирана и да се носи заради потребите на учениците, студентите, наставниот кадар и сите други кои се на првата линија на образовниот „фронт“, посочуваат од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Од Институтот наведоа дека воведувањето на дигитални алатки во образованието и понатаму останува многу сериозна тема во македонското општество, која одлучува за иднината на денешните генерации ученици и студенти, но и за перспективите на целата земја.

– Од овие причини, како врвен приоритет мора да остане инклузивната и демократска, односно дебатата базирана на различни аргументи, мислења и ставови помеѓу сите образовни и воопшто општествено-политички чинители, истакнаа од ИДУЕП.

Како основа за воспоставување на ваква комуникација, ИДУЕП на почетокот на месецов изработил Декларација во која биле сумирани ставовите од различните субјекти во јавната дебата.

– Сметаме дека таквиот пристап успеа да придонесе за насочување на темата во насока на водење на дебата на различни аргументи и ставови што претставува единствен зрел и демократски начин за носење на одлуки кои се од интерес на сите граѓани. Повеќе информации околу оваа иницијатива се достапни на следниот линк: https://iduep.org.mk/2021/05/03/iduep-izgotvi-deklaratsija-kako-osnova-za-vodene-na-debata-za-osovremenuvane-na-obrazovanieto/, додадоа од Институтот.

Одговор на таа иницијатива на Институтот бил испратен од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Посочија дека во него, меѓу другото, се истакнува дека претседателот внимателно ги следи случувањата поврзани со дигитализација на образованието и очекува дискусијата да се интензивира во институциите, односно во Парламентот, без оглед колку ќе трае дебатата во комисиите или во другите форми на јавна расправа.

– Само со суштинска и сеопфатна дискусија во која ќе биде вклучена стручната јавност, како и сите засегнати страни, може да се дојде до одржливи и целисходни законски решенија, стои во одговорот од Кабинетот на претседателот Пендаровски. Целиот допис е достапен на следниот линк: https://iduep.org.mk/2021/05/16/kabinet-na-prsm-do-iduep-samo-so-sushtinska-i-seopfatna-diskusija-do-odrzhlivi-i-tselishodni-zakonski-reshenija/, наведоа од Институтот.

Владата, односно ресорното Министерство за образование и наука, исто така, изразиле благодарност за доставената декларација на ИДУЕП, како основа за водење на дебата за осовременување на образованието.

ИДУЕП информираше дека оттаму посочиле дека секоја промена која МОН ја креира во насока на обезбедување подобар квалитет на националниот образовен систем во целина и во одреден сегмент, како и во насока на обезбедување повеќе и подобри можности за учениците, студентите, наставниците, професорите, е однапред најавена и истата се дефинира низ транспарентен процес со учество на сите засегнати страни и експертската јавност.

– Така е овој пат, во врска со носењето на законското решение кое ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, инклузивност на материјалите за учење затоа што истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Воедно преку поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки од било каква природа, а се воведуваат и содржини од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите и слично. Можноста за ажурирање на учебниците секоја година, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина“, стои во дописот на МОН до ИДУЕП.

Целиот одговор е достапен на следниот линк: https://iduep.org.mk/2021/05/04/mon-do-iduep-odgovor-za-dostavena-inicijativa/

Декларацијата е јавно достапна за сите заинтересирани чинители како основа за водење на инклузивна дебата за осовременување на образованието.

Од ИДУЕП информираат дека иако не било обврска за ниту еден субјект, сепак Декларацијата досега наишла на поддршка и потпис од страна на Сојузот на средношколци, политичката партија „Демократска обнова на Македонија“ (ДОМ), како и општините Свети Николе и Шуто Оризари. Секако, сите заинтересирани институции, политички партии, организации, пратеници и сите останати поединци можат истата да ја потпишат и испратат до Институтот или, пак, да испратат свое мислење, став или иницијатива за организирање на заедничка активност во насока на давање на придонес за квалитетна и демократска дебата за дигитализација на образованието.

Како што информираат од Институтот, оваа Декларација нема за цел да поддржи или негира одреден актуелен предлог за осовременување на образованието. Единствената намера е да ја поддржи дебатата базирана на различни размислувања и добрите европски и светски практики бидејќи тоа е единствениот начин на кој може да се носат инклузивни решенија од интерес на сите граѓани. Дополнително, со ваквиот приод од ИДУЕП се надеваат дека ќе се даде придонесе за воспоставување на нова пракса во севкупната политичка комуникација и воопшто јавниот дискурс. Пракса што ќе се базира на вклучување на сите заинтересирани страни, без исклучок, но и со цел воспоставување на дијалог без дискриминација, позиција на моќ или, пак, закани и уцени од било која страна.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ