• Latest
Боки 13

Игра со поимите и игра со законите

September 10, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Игра со поимите и игра со законите

Кога некој направил нешто нечесно, неморално, нешто што доколку се знае би го нарушило неговиот углед (што воопшто не мора да биде прекршување на законот, меѓутоа може да повлече осуда на средината), и некој му се заканува дека доколку не му исплати одредена сума пари ќе ги изнесе на виделина работите кои ги дознал, ќе се подведе под членот 259 од Кривичниот законик - Уцена.

September 10, 2019 10:56
in СЛОБОДНА ЗОНА
Боки 13

Боки 13

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Не знам дали е тоа направено ненамерно (од незнаење, немарност, …), или намерно (со цел да се внесе конфузија меѓу граѓаните и да се дефокусира вниманието), меѓутоа, употребата на терминот Рекет за постапките кои се водат пред Јавното обвинителство во врска со Боки 13, Катето СЈО и редица бизнисмени осомничени или обвинети или со мувата на капата за сторени поголеми или помали прекршувања на законот, е правно несоодветен.

Имено, рекетот во принцип е изнуда, или, може да се подведе под членот 258 од Кривичниот законик. Според овој член ќе се казни тој кој сака да прибави противправна имотна корист со тоа што некому ќе се закани или некого ќе присили да направи или да не направи нешто што е штетно за неговиот имот. Во ова дело на едната (и само на едната страна) има употреба на сила со која што некој толку се заплашува што плаќа пари само да биде оставен на мира. Тој кој што е изнудуван во принцип не го прекршил законот, а изнудата ја плаќа затоа што е заплашен.

Кога некој направил нешто нечесно, неморално, нешто што доколку се знае би го нарушило неговиот углед (што воопшто не мора да биде прекршување на законот, меѓутоа може да повлече осуда на средината), и некој му се заканува дека доколку не му исплати одредена сума пари ќе ги изнесе на виделина работите кои ги дознал, ќе се подведе под членот 259 од Кривичниот законик – Уцена. Според овој член, ќе се казни тој кој добива противправна корист со тоа што се заканува дека за некого или лице блиско до него, ќе открие нешто што може да наштети на неговата чест или углед.

Во случајот кој во јавност е познат како “Рекет“ станува збор за дело кое може да се подведе под членовите 357 и 358 (примање и давање поткуп). За поткуп се виновни и двете страни. Едната страна, која прима поткуп за да изврши службено дејствие кое не би смеела да го изврши и втората која дава поткуп со цел одредено службено лице да изврши службено дејствие кое не би смеела. Според овој член, судот може да го ослободи од казна сторителот кој дал или ветил поткуп по барање од службено лице и тоа го пријави пред да дознае дека делото е откриено. Тоа значи дека тој од кого се бара поткуп може да го пријави делото (до надлежен правосуден орган, не до премиер или претседател на политичка партија) и во тој случај судот може (не мора) да го ослободи од казна за давањето поткуп (и само за тоа).

Во случајот наречен “Рекет“ може да стане збор за уцена или за потку, но не и за изнуда. Во овој случај најмногу станува збор за обвинети, осомничени или оние кои си ја имаат мувата на капата, за големи прекршувања на законите кои биле спремни да дадат големи суми пари за поткуп со цел избегнување на прогон, судење и казна. Гонењето или ослободувањето од гонење за поткуп, нема никаква врска со нивните прекршувања на законите за кои процедурите мора да продолжат на ист начин како и да не бил даден поткупот. Давањето на поткупот дури може да се земе како индикатор на вината на тој кој што го дал.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share86Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ