Голем број на граѓанки и граѓани од Скопје се приклучија кон хуманата акција на социјалните мрежи со хаштаг #ИЈасМожам #Гостивар, во која нудат крв и помош за повредените, и сместување и храна за семејствата на повредените и на загинатите патници од автобусот кој вчера се преврти на пат од Скопје – Тетово.
Граѓан(к)ите уште еднаш покажаа на дело дека хуманоста не познава нација или религија.