• Latest

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осудува политичкото насилство од СДСМ

January 16, 2018

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осудува политичкото насилство од СДСМ

January 16, 2018 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на првата одржана седница го осуди политичкиот прогон од власта кој преку правосудните органи се врши врз пратеници, уметници, полициски службеници и останати лица чиј единствен грев е тоа што имале храброст гласно да се спротивстават на антидржавните политики на актуелната власт.

Целта на политичкиот прогон, според Извршниот комитет е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку. Извршниот комитет заклучи дека ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија.

„Носењето на неуставниот закон за двојазичност и ратификувањето на асиметричниот договор со Бугарија со кој што ќе се брише македонската историја, се доказ дека штетните антидржавни политики на СДСМ, на кои што пред изборите предупредуваше ВМРО ДПМНЕ, стануваат реалност. Ваквите политики, според Извршниот комитет ја редефинираат Република Македонија и нанесуваат штети на долг рок, кои нема да може да се надоместат“, се наведува во соопштението.

Извршниот комитет на вчерашната седница ја анализираше и „катастрофалната економска политика што ја води црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски, која земјава ја турка во банкрот. Нивната неспособност ја плаќаат граѓаните кои за само 15-тина денови, актуелната влада ги задолжи со над 570 милиони евра. Заради расипничката политика на новата власт секој жител на Македонија поединечно е задолжен со преку 250 евра, односно едно четиричлено семејство, благодарение на Заев, Тевдовски и Анѓушев ќе треба да враќа преку 1.000 евра“.

„Работата на локалната самоуправа предводена од СДСМ, според ИК е уште една потврда на нивната неспособност и безидејност. Лагите се единствениот принцип во работењето, а еден од показателите за тоа е не преземањето на никакви мерки во врска со загадувањето, иако пред изборите ветуваа дека овој проблем ќе бил решен. Додека Заев е на луксузно зимување во италијанските монденски ски центри, а Шилегов во Загреб, Скопјани ги полнат клиниките како резултат на загадениот воздух со кој што главниот град се искачи на листата на три најзагадени градови во светот.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осуди политичкото насилство на СДСМ манифестирано преку стотици отпуштања од работа, деградирања и раскинувања на договори. Со ваквиот начин на работа, актуелната власт ја враќа Македонија назад во времето на мрачната транзиција кога не постоеја никакви норми, а единствен критериум некој да добие работа или да го задржи своето работно место не беа професионалноста или квалификациите, туку слепата послушност кон политичкото водство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИК констатираше дека практично не постои ресор во кој што Македонија не назадува и заклучи дека треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата кое на крајот паѓа на товар на сите граѓани.

Tags: ВМРО-ДПМНЕИКседница
Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ