• Latest

ИКС: ВМРО-ДПМНЕ, како и во сите претходни месеци, е политичка партија со најмногу идентификувани штетни наративи

May 27, 2024

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ИКС: ВМРО-ДПМНЕ, како и во сите претходни месеци, е политичка партија со најмногу идентификувани штетни наративи

May 27, 2024 15:09
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Институтот за комуникациски студии во кој се мониторираат и се анализираат штетните наративи на политичките актери и нивното ширење во медиумите покажува раст на штетната содржина на интернет и на Фејсбук-страниците на политичките партии и на нивните лидери во април 2024 година.

Според извештајот, во април се забележува раст на штетната содржина на интернет и на Фејсбук-страниците на политичките партии и на нивните лидери ‒ од 142 објави во март на 176 објави во април.

– ВМРО-ДПМНЕ, како и во сите претходни месеци, е политичка партија со најмногу идентификувани штетни наративи (43 објави). Новина е што овој пат Левица изби на второто место со 38 токсични објави, а СДСМ, која во изминативе месеци од мониторингот редовно беше второпласирана, во април се најде на третото место со 29 објави со штетни наративи. Кај ДУИ во текот на април продолжи да расте бројот на штетните објави (14), а кај опозициските партии на етничките Албанци во земјата, здружени во предизборната коалиција Вреди, беа забележани повеќе објави со штетни наративи на Фејсбук-страниците на лидерите на партиите во коалицијата и незначително намалување на објавите со штетни наративи на интернет-страниците на Алтернатива (3) и на Демократско движење (1), стои во извештајот.

Со десет објави со штетни наративи меѓу партиските лидери предводи Изет Меџити, лидерот на Демократско движење и дел од коалицијата Вреди. По него, со седум објави со штетен наратив меѓу партиските лидери се наоѓа Димитар Апасиев од Левица, додека кај лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, се забележани шест објави со штетен наратив.

Како и досега, дополнуваат од ИКС, најчести штетни наративи кои ги пропагирале политичките актери се „пристрасно селектирање“, „поткопување на довербата во институциите“ и „напади на лична основа и/или демонизирање противници“ и тоа се истите наративи кои ги пренеле медиумите.

Дополнително, извештајот покажува дека кај онлајн медиумите во април има благ пораст на „екстремен патриотизам и национализам“ и „етноцентризам“ во однос на претходниот месец. Штетниот наратив „ширење паника и страв“ во истиот период бележи раст кај сите мониторирани субјекти.

Кај медиумите, пак, во месецот кога стапија на сила посебните правила за известување за изборните процеси и за платеното политичко рекламирање (според Изборниот законик, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиумите), со мониторингот на ШТЕТ-НА се утврдени два рекорда.

– Кај онлајн медиумите се евидентирани дури 261 објава со штетни наративи, што е највисока бројка досега споредено со претходните месеци (февруари ‒ 211, март ‒ 224). Спротивно од онлајн информирањето, кај ТВ-станиците, пак, е нотиран досега најмал број „штетни“ прилози – 55, продолжувајќи го трендот на намалување од март (79), велат од ИКС.

Портал со најголем број објави со штетни наративи во април е Курир (54 прилози), кој и во претходните месеци (февруари и март) е на врвот на „скалилото“, а потоа следат А1Он (33), Вечер.мк (29), Алмакос (28) и Република (27).

Од друга страна, кај ТВ-станиците најмногу прилози со штетни наративи се забележани кај ТВ Алфа (14), но и кај оваа телевизија се забележува драстичен пад (40 во февруари, 35 во март) што е карактеристичен за повеќето ТВ-станици. Кај ТВ 21 се забележани осум, кај Канал 5 регистрирани се седум, Алсат М (6), МТВ 1 и МТВ 2 (по 5) , Сител (4) и кај ТВ Телма и ТВ 24 по три прилози со штетни наративи.

Од ИКС дополнуваат дека во периодот на изборната кампања, забележливо е дека фејсбук-профилите на министрите во Владата кои беа истовремено и кандидати во изборниот процес, активно се користеа за промоција на нивните активности во рамки на кампањата, со што се злоупотребува користењето на официјалните владини канали за комуникација за лична промоција и партиски потреби.

Истражувањето ШТЕТ-НА ИКС го спроведува со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите. Предмет на мониторинг се 10-те политички партии и нивните лидери чии партии бројат најмалку двајца пратеници во парламентарниот состав 2020 ‒ 2024 година, како и Фејсбук-комуникацијата на членовите на Владата на Северна Македонија.

Кај медиумскиот мониторинг се следат 11 онлајн медиуми и 9 телевизиски станици. Ова истражување се реализира во рамки на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија: Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ