• Latest

Илинден 2019: Пораки за помирување и повик за избори

August 3, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Илинден 2019: Пораки за помирување и повик за избори

August 3, 2019 10:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пораки за помирување и единственост пред крупните и стратешки цели – членството во НАТО и ЕУ, беа клучни поенти во вчерашните обраќања на државниот врв, на трите места на кои се одбележува Денот на Републиката – 2 Август Илинден.

На чествувањето во Скопје, кое првпат се одржа пред претседателската вила на Водно, претседателот Стево Пендаровски истакна дека државата е заедничка одговорност и најголем предизвик денес е граѓанското помирување, а владеењето на правото, рече, да биде темелна вредност со која не смее да се прави компромис.

– Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации… Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава – членка на НАТО и на Европската Унија. Да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде врз грбот на другите, порача шефот на државата.

Во духот на слоганот на годинашното чествување „Сите сме деца на Илинден“, премиерот Зоран Заев од Крушево порача дека  продолжуваат политиките на надминување на поделбите. Наша патриотска должност, нагласи Заев, е да се обединиме и помириме внатре,  додавајќи дека Мечкин Камен „не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање“.

– Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, истакна Заев.

Пораки за заедништво имаше и во говорот на претседателот на Собранието Талат Џафери во Пелинце, кој зборувајќи за напредокот во интегрирањето во НАТО и во ЕУ рече дека народот ја дал довербата, а дека „сите ние сме подеднакво одговорни и за подемот и за застојот на тој пат“.

Минатите две и пол години ги нарече „најжешките години во историјата на земјава“, период на донесување тешки меѓутоа државнички одлуки за деблокирање на процесот, а најважно е дека, како што рече,  „се вративме на брзата пруга за евроатлантска интеграција“.

Лидерот  на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, која и годинава Илинден го чествуваше во струшкото село Ташмаруништа, побара поддршка и масовност на следните парламентарни избори кои, рече, треба да се брзи и итни и со нив народот ќе се избори за обнова на Македонија.

Пораката на Христијан Мицкоски беше дека „не смееме и немаме историско право да се одречеме, ниту да го посрамотиме“ делото на илинденците…. „нивната жртва нема да биде залудна ако нашите дела бидат вистински“.

-Гоце Делчев е нашата светост, и ќе преговараме и ќе разговараме сè додека не докажеме која е вистинската вистина дека Гоце е Македонецот којшто се борел за независна, суверена и македонска држава… Лесно е да се откажеш и да го рушиш она што се градело со векови, тешкото е да го сочуваш, рече Мицкоски во обраќањето кај споменикот на паднатите востаници во Ташмаруништа.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ имаше и на централното чествување во Крушево каде, како што изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски, „очигледно од организирани партиски луѓе“ не биле удостоени со соодветен пречек, а биле спречени и да положат венец во споменикот „Македониум“ зашто организаторите не ги известиле за измена на терминот. Владата тоа го демантираше со тврдење дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ биле уредно поканети и известени за организациските детали и протоколот,  но дека не се појавиле.

На чествувањето на двата историски Илиндена – 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ немаше инциденти. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека чествувањето поминало „обединето, достоинствено, честито“  и за тоа им се заблагодари на граѓаните што празнуваа и на полицијата ангажирана на настаните.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ