ЦИВИЛ организира тркалезна маса на тема „Има ли слобода во Македонија?“, посветена на слободата на изразувањето и медиумските слободи, во Клуб на новинари, 14 март, со почеток во 13 часот.
Во изминатите пет месеци, организацијата го спроведе проектот „Од разбирање до одбрана на слободата на изразувањето и медиумските слободи“ во кој учествуваа над 60 луѓе од медиумската сфера и граѓанското општество, а учествуваа и стотина граѓанки и граѓани кои одговараа на прашањата дали во Македонија има слобода на изразувањето, дали им веруваат на медиумите и каква е нивната перцепција за независноста на медиумите.
На тркалезната маса ЦИВИЛ ги покани соговорничките и соговорниците во проектот, чии ставови се објавени и на медиумската платформа на македонски, албански и англиски јазик.
Настанот е отворен и за претставниците на медиумите, граѓанското општество, институциите и заинтересираните граѓанки и граѓани.
Тимот на ЦИВИЛ во моментов ги привршува анализата и препораките кои се темелат на активностите и искуствата на организацијата во последните неколку години, како и на ставовите и препораките од сите учеснички и учесници во проектот.
На почетокот на настанот, претставник на ЦИВИЛ ќе ги презентира анализата и препораките во сферата на медиумите и слободата на изразувањето.
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.