Констатиран е напредок ви преговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за обвинителство и статусот на СЈО. “Разговаравме за статусот на СЈО и во делот за почнатите постапки и делот за употреба на доказите. Може да се констатира дека ги соочивме аргументите, ги слушавме препораките од меѓународниот фактор. Не е завршена работа треба да се слушат уште аргументи. Во делот околу статусот на СЈО мислам дека полесно може да се постигнат компромисни решение. Разговаравме за решение кое би било кимпатибилно со препораките на меѓународната заедница“, изјави по средбата министерката Дескоска.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, само изјави на кратко дека остануваат и понатаму разлики, но има и надеж за договор. Пратеникот од ДУИ, Артан Груби беше, исто така, оптимист. Тој додаде дека има и напредок, но без да даде детали за што точно успеале да ги приближат ставовите.
Министерката Дескоска додаде дека нема да има веќе средби на досегашниот формат и новинарите не треба веќе да очекуваат покани за вакви средби. Ќе се одржуваат контакти со опозицијата и со меѓународната заједница.
А. Зеќири