Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на 6 јуни, во Владата на Република Северна Македонија се сретна со претседателката на фудбалската федерација на Белгија, Паскал Ван Даме.
– Денес (6 јуни) во Владата се сретнав со Паскал Ван Даме – претседателка на фудбалската федерација на Белгија и високи претставници од политичкиот и бизнис живот во Белгија кои допатуваа во Македонија во пресрет на фудбалскиот натпревар помеѓу двете земји, наведува Николоски на својот Фејсбук профил.
Според вицепремиерот, соработката со Белгија е на високо политичко и економско ниво.
Народски кажано – „Има работа за тој што сака да работи“, или „И водата спие, работливиот човек (министер) не спие“, во случајов, вицепремиерот и министер за транспотр и врски остварува средба во Влада со претседателката на фудбалска федерација на Белгија.
Д.Муратов
Фото: Фејсбук на вицепремиерот Николоски