Вчера во Скопје во 81 година од животот, почина Градимир Јовановиќ – Киби, бардот на македонското радио новинарството и еден од основоположниците на дневниот весник СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
Јовановиќ беше единствен во историјата на македонското радио кој во рамки на радискиот фестивал на југословенската радио и телевизија има освоено три 1-ви награди за најдобар радио весник во конкуренција на сите радио станици на СФРЈ како и 1-ва награда во конкуренција за најдобар политички коментар.
Носител е на повеќе професионални награди за новинарство, помеѓу кои и наградата за новинарство „Крсте Мисирков“. Одликуван е со Орден за труд со златен венец од Јосип Броз Тито во името на СФРЈ.
Ќе остане запаметен по своето критичко перо, бескомпромисност и карактеристичен глас.
Погребот е извршен денес, во најтесниот круг на семејството.