Изминуваат 200 дена на херојски отпор на Украинците, обединување и помош од пријателите и партнерите, нескротливост и немилосрдна борба за нашата слобода, стои во објавата од украинската амбасада во Скопје.
Последиците од руската инвазија врз Украина изразени во бројки:
33.049 воени криминали извршени од страна на Русија. Убиени се 383 деца, 747 се повредени.
Од 24 февруари, врз Украина се истрелани 3.500 проектили. Руските агресори разурнаа 131.000 куќи.
Оштетени се 826 медицински установи, од нив 126 тотално се уништени.
500 објекти заштитени како културно наследство на Украина се оштетени или уништени од руската армија.
Оштетени се 2.461 образовни институции, од нив 284 се комплетно уништени
Руската инвазија засекогаш го промени животот на секој Украинец, носејќи непоправливи загуби и уништување, наведуваат од амбасадата.