„Борбата е тешка, но ќе бидеме упорни. Имаме напредок, бидејќи кога пред два дена законите беа ставени на собранискиот дневен ред и се гласаше за потребата од Законот за една изборна единица, гласаа дури 59 пратеници, а за Законот за отворени листи на локалните и парламентарните избори гласаа 58 пратеници. Очекувано ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаа против, СДСМ „за“. .. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ плашејќи се од евентуалното изгласување на законите, одлучија да ги блокираат со поднесување на 6.000 амандмани. Очигледно не сакаат да остават ништо на случајност “, изјави претседателката на ДОМ Маја Морачанин за „Слободен печат“.
На денешната прес -конференција од Иницијативата побараа ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амадманите и да не го кочат процесот во промени во Изборниот законик. Тие ги повикаа овие две партии да седнат на мас и да се договорат заеднички за поддршка на законот за една изборна единица.
Според информациите од медиуми, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за една изборна единица и Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинтели биле донесени со вилушкар до доцна во ноќта.
Од СДСМ, пак, констатираат дек со поднесение околу 4 000 амандмани од ВМРО -ДПМНЕ за Предлог законот за Јавно обвинителска служба се загрозуваат доказните матријали во процесите што се водат против нив, велат од СДСМ.