• Latest

Институциите се прогласуваат за ненадлежни за случајот Талески!

November 9, 2016

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Институциите се прогласуваат за ненадлежни за случајот Талески!

November 9, 2016 17:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали додека беше во куќен притвор, градоначалникот на Битола, Владимир Талески, обвинет во случајот „Транспортер“ за злоупотреба на буџетски средства за јавен превоз, што го отвори Специјалното јавно обвинителство во јуни годинава, направил ново кривично дело, или постапувал согласно со законската регулатива? Одговор на ова прашање, засега неуспешно, бара од институциите, советничката во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, од ВМРО-Народна партија.

Илиевска изминативе месеци се обратила писмено со барања до Основниот суд Скопје 1, Апелациониот суд – Скопје, Специјалното Јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија и Советот на Општина Битола.

gabriela1
Габриела Илиевска

„Барање поднесов и до Народниот правобранител на Република Македонија во Скопје, согласно со уставните надлежности и овластувања, да поднесе барање до Собранието на Република Македонија, преку Законодавно-правната комисија, да се даде толкување во писмена форма за примената во пракса на членот 163 од Законот за кривична постапка, којшто го третира определувањето на мерката за обезбедување на присуство на обвинетиот на главната расправа – куќен притвор“, изјави Илиевска за ЦИВИЛ Медиа.

Според неа, треба да се расчистат прашањата – дали Талески, по изрекување на мерката-куќен притвор, имал право да потпишува документација од станот каде се спроведуваше мерката? Дали други лица без дозвола на судијата на претходна постапка, смееле да го посетуваат, да му ги доставуваат документите на разгледување и потпис и дали смеел при подигнато обвинение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена должност и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик да раководи со Општина Битола од неговиот дом?

На доставените барања до институциите, советничката во битолскиот Совет, одговор добила само од Собранието на Република Македонија, во кое ја известиле дека согласно со член 175 од Деловникот на Собранието, таа нема право да бара автентично толкување на закон. Во одговорот од Апелациониот суд – Скопје се вели дека овој суд не е надлежен да дава мислење во однос на нејзиното барање. Крајно незадоволна од односот на институциите, Илиевска е категорична во ставот, дека ќе ја продолжи борбата за вистината.

„Институциите со своите одговори се изјаснуваат дека не се надлежни за своите надлежности. Очигледно е дека имаме институционална нефункционалност. Затоа, мојата битка за вистината продолжува понатаму“, изјави Илиевска за ЦИВИЛ Медиа.

Моника Талеска

Tags: Апелационен суд - СкопјеБитолаВладимир ТалескиГабриела ИлиевскаОсновен суд Скопје 1СЈОСлучај „Транспортер“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ