• Latest

Интервју на НОВА со проф. д-р Мимоза Ристова: Државата да ги смени работите за потенцијалните талентирани студенти да посакаат да станат физичари, математичари, хемичари

October 28, 2024
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Интервју на НОВА со проф. д-р Мимоза Ристова: Државата да ги смени работите за потенцијалните талентирани студенти да посакаат да станат физичари, математичари, хемичари

October 28, 2024 13:30
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Уште една разнишана наука во нашето општество која можеме да кажеме дека се држи на конец. Младите се помалку заинтересирани за студирање на природните науки. Професорката Мимоза Ристова на Инстиутот за Физика при Природно-математичкиот факултет на УКИМ ни го образложи овој негативен тренд кај младите, посочувајќи ги во главно проблемите со физиката како предмет кој се изучува уште од основното образование и можните мерки што таа сметка дека власта треба да ги преземе за да се санира лошата моментална состојба.

Нова: Интересот за студирање на природните науки, и не само на нив, секако, во последната декада драстично се намалува. На што се должи ваквиот негативен тренд?

Мимоза: Разбирлив е падот на интересот кај младите. Никој не сака да вложи толку многу труд и талент за да потоа, кога ќе завие гнездо и создаде семејство, едвај покрива кошницата за базична прехрана. Мора да се сменат работите од страна на државата за да потенцијалните талентирани студенти посакаат да станат физичари, математичари, хемичари (наставници или инженери). Буквално истата интелигенција и талент ќе си ја вложат во студии по информатички науки,  па уште веднаш ќе заработуваат 3-4 пати поголема плата. Рамнотежата за ова безмислено пореметување може да го исправи власта. Имено, мора да завладее пазарната економија и на пазарот на трудот. Мора да ги плаќаат повеќе овие ретки „ѕверки’’ кои се дефицитарни на пазарот на трудот отколку другите за да се исправат работите.

Нова: Какви ќе се последиците конкретно по македонското општество па и по државата?

Мимоза: Ќе настрадаат повеќе сектори. Пред се, образованието само од себе во бесконечен циклус на понор. Секако и на долги стази и економијата поради дефицит на компетентни кадри.

Нова: И ученици има се помалку но постои ли и опасност од немање професори, конкретно по предметите што ги третираат природните науки?

Мимоза: Ќе говорам конкретно за столбовите на општеството кои ќе се разнишаат – образовниот систем – основно и средно образование. Ако не се исправат работите навреме, тогаш, поради дефицитот на кадри ќе продолжи трендот со доделување на наставата од непокриентите природно-математички предмети со некомпетентни наставници. Во моментов постојат бројни примери за ваквото нарушување на матичноста на дисциплините. Во Гостиварско училиште, на пример, физика предава, замислете, економист. Тоа води кон срамен неквалитет, во кој системот се дерогира сам себе си. Така се уништени цели генерации и следува колапс на системот. Имам сознанија дека во една гимназија во Тетово кога професорките одат на породилно отсуство, никој не ја држи наставата по физика. На крајот од школската година им внесуваат некакви оценки, и толку. Овие генерации се обесправени. Никој не може да надомести ваква загуба во формалното системско образование.

Нова: Како да се санираат состојбите, што конкретно и бргу може да направи државата, владата, парламентот? Сигурно имате сознанија за тоа каков е интересот кај средношколците на пример, за предметите од природните науки. Каква е сликата во средното образование на ова терма?

Мимоза: Треба да се донесе првична итна мерка – Владата да донесе брзи законски измени според кои ќе може наставниците во основните и средните школи кои недостигаат (дури и да се на боледување) да се заменуваат со ЗАМЕНСКИ (СУПСТИТУТ) наставници. За да се оформи фонд од вакви хумани ресурси е сосем лесно – ќе се здружат во нови наменски стручни здруженија во тесна соработка со МОН пензионирани наставници, универзитетски професори, невработени од сродни дисциплини, апсолвенти со пропишан квантум од освоени кредити, и така натаму.   Ќе се изработи веб-страница за географска покриеност. Со еден клик ќе може да се обезбеди заменски професор за да не се оштетува иднината на нашите млади. Ова го има во западниот свет. Ништо не сум измислила. Само треба да се преземе.

Нова: Немањето специјализирани предметни кабинети, школски лаборатории и друга потребна опрема сигурно демотивирачки делува и кај наставниците?

Мимоза: И за ова демотивираност има лек. Се обезбедува за декој од природо-научните предмети по еден шкаф со 3-4 фијоки полни со точно селектрирани комплети за експериментирање и демонстрации. Овие може да се изработат и од домашна фирма со мали набавки од странство. Апсурдот се состои во тоа што има пари за ова само одат во погрешни фондови. На пример, за еден стипендиран постдипломец или докторант на првите 100 универзитети од Шангајската листа државата буквално ФРЛА во ветер и магла по 100.000 -150.000 евра зашто повеќе од 50% од овие не се враќаат, туку си наоѓаат работа во Швајцарија или Британија. Тоа значи дека преку овие стипендии нашите даночни обврзници финансираат развој на туѓи економии. А со тие пари би се опремиле 150 училишта. Само по еден од секое од 150те училишта да биде мотивиран за природни науки,  импактот е огромен. Државата мора да го стегне ќесето и да финансира проекти коишто имаат најголемо влијание врз брзиот раст. Сепак, ние на почеток да се задоволиме со финансирање на приоритетни проекти кои ќе не извлечат од сигурен образовен колапс, па развојот ќе дојде на ред, час потоа.

Нова: Каде ја гледате причината за ваквиот неадекватен однос на државата спрема образованието и гледате и каде шанси на брз рок состојбата во оваа насока да се подобри?

Мимоза: За овие незавидни состојби се владејачките елити кои упорно туркаа на високи – министерски позиции некомпетентни фигуринки (поготово од кај коалиционите партнери) кои се подложни на корупции и манипулации, и кои појма немаат колку сложена материја е образовен систем. Сегашниве пак, уште си земаат крај себе советници кои абер си немаат од образование, за наука не ни сонувале, а за развојни стратегии немаат ни помислено дека постојат. Единствениот мотив им е фотељашењето – е да земат хонорари и дневници, но и да се плеткаат близу до врвот на власта. Погледнете им ги биографиите на некои од актуелните. Празни со стручност а преполни со партиски и политички фукнции, а ќе реформирале високо образование.  Во образованието не смее да се прават ни импровизации ни пренаглени потреси. Треба со свилени конци да се влече нанапред.

Најпрво треба да се најде модус да се подобрат основното и средното образование со нови осоврменети програми соодветни за новата верзија на човековото битја -дигиталното дете. На нашите нови деца им требаат дигитални алатки и апликации за учење покрај учебниците. Нивните перцепции и когнитивни способности се видоизменети, и бараат нови дидактички техники за да постигнат успех и применливо знаење. Кога ќе бидеме на добар пат со некој реформски пилот-проект, ќе се покаже за една-две години. Потоа пилотот се применува на државно ниво со законски измени. Потоа ќе бидеме како држава измерени со меѓународни метрики, па ќе се покаже во трендот на рангирање кај Тимс или Писа тетстовите. Така ќе знаеме дали реформските мерки се успешни.

Нова: За крај, накусо, кои според Вас се можните брзи реформски и на долг рок одржливи мерки на државата за санирање на лошата состојба во сите степени на македонското образование воопшто?

Мимоза: Можна прогресивна мерка за мене би била фузија на Универзитетите кои функционираат одвоено само за да има ухлебување на ректорски и проректорски гладни усти за функции (Тетовски со Мајка Тереза, Скопски УКИМ со Апостол Павле). Во светот се познати фузиите дека го креваат рангот и го подобруваат буџетот. Предлагам и затворање на приватните универзитети кои не се одлепиле од дното на планетарните ранг-листи. Оние за кои се говори дека „шиткаат’’ дипломи, инспкторите треба да докажат тие наводи и да ги затворат, и тоа, не само универзитетите, туку и сторителите на продажбата на дипломи.

Друга битна мерка би била отворање на една голема државна научно-истражувачка лабораторија по углед на Винча в Белград, Руџер во Загреб и Јожев Штефан во Љубљана. Во таа лабораторија треба да се пренеде и обнови сета посериозна научна опрема од универзитетите која нерентабилно се користи и се чува под „окупација’’ на еден човек кој се поставува во улага на чувар на опремата од научната работа на колегите. Значи, со ваков еден институт и отворен пристап на сите научници и универзитети од државата и дополнителен буџет (оној кој ќе се добие со фузијата на универзитетите) за вработувања и скромни средства за секој што умее да раководи со научноистражувачки проекти, тогаш ќе има гарантиран напредок. САМО ТОГАШ. Никако поинаку.

Дури тогаш, кога младите таленти ќе видат дека за нив не само што има насушен леб,туку дека се сервираат и „колачиња’’ за потхранување на нивниот персонален научен кариерен развој, дури тогаш ќе престанат да летаат на запад. Дури тогаш и интересот за студирање физика, математика, хемија и други приридисловни науки ќе порасне.

Нова:  …… И, дали верувате дека е тоа можно?

Мимоза: Да, зашто се покажало дека е можно кај некои други, не толку поразлични од нас.

Марија Тодоровска/НОВА.ТВ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ