Металните табли пред спомениците на мостот “Око” осамнаа исчкртани, откако вчера беа поставени. Натписите во кои се вели дека личностите кои се истакнати на овој мост се дел од хеленската историја – се покриени со спреј, а допишана е и ознаката МК.
Освен во центарот на Скопје, истото се случи и во Битола. Обоена е и таблата пред споменикот на Филип Втори на плоштадот Магнолија. На Tвитер се појави и видео од чкртањето, но на снимката не се гледаат лицата на сторителите.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Uhtred of Bebbanburg (@UthredRumcofa) October 6, 2020
И лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Твитер го поддржа овој „патриотски чин“ пишувајќи: „Јаничари, сите табли ќе ви ги ичкртаме“.
Инаку, ваквото сценарио не се случува за прв пат, минатата година во ист ден беа поставени и демолирани и таблите на споменикот Воинот на коњ и на Филип Втори, а претходно и новите таблите со кои автопатот кон Грција од Александар Велики, беше преименуван во Пријателство.
Металните плочи пред спомениците во Скопје и Битола е дел од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.