Во ДУИ се испеглани разликите околу составот на новиот владин кабинет, а неофицијално се дознава дека во недела ќе се гласа Владата предводена од Зоран Заев и владината програма која вчера била конечно договорена меѓу работните групи на СДСМ и ДУИ.
Нема да има промени во листата на предложените министри со што Артан Груби и Бујар Османи, остануваат во комбинација. Ова вчера го потврдил и лидерот на партијата, Али Ахмети. Во неформален разговор за Клан Македонија, Ахмети изјавил дека тимот на министри предложени од ДУИ ја има пидршката на целата пратеничка група, а разликите за кои се пишуваше последните денови тој ги нарекол како дел од внатрешената партиска демократија.
Според пoследната одлука на највисоките партиски тела, ДУИ во новата влада ќе се преставува со Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците и прв вицепремиер, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер за финанции, Насер Нуредину, министер за екологија, Крешник Бектеши, министер за економија и Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и јавна администрација.
Арбен Зеќири