Рокот кој вработените на Водовод и го дадоа на Арсовска да ги повика синдикатите на средба, истече. Во своите барања побараа разрешување на актуелниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата е само месец и половина, а беше назначен од градоначалничката на Град Скопје.
Обвинуваат дека откако е на директорската функција со закани и уцени раководи со ова јавно градско претпријатие.
Димовски тврди дека Митовски го следат контроверзи па дури и дека одлежувал затворска казна за сериозни дела, но ваквите обвинувања ги демантираше в.д. директорот на Водовод и рече дека првиот синдикалец лаже за ваквите наводи.
Според Митовски, претседателот на ССМ Димовски е иритиран од загубата на привилегиите што неговата сопруга ги уживала како вработена во ова јавно претпријатие.
Синдикатот ја обелодени 3 децении старата пресуда за директорот на скопски Водовод Митовски
Казната била парична, но потоа наводно Митовски не ја платил и бил во затвор на 20 дена. Директорот пак негира дека бил во затвор.
Бидејќи станува збор за стара пресуда за настан од пред 29 години, согласно правните документи, таа казна најверојатно е веќе избришана од судското досие на Митовски, но во полициската база на податоци, кривичниот настан не се брише никогаш.
Директорот на скопски Водовод Марјанчо Митовски бил осуден за нанесување тешки телесни повреди со ладно оружје- нож во 1993-та година, по што бил осуден на парична казна од 20 илјади денари, а откако не платил, издржал 20 дена затвор, тврдат од Синдикатот кои денеска на новинарите ја поделија пресудата.