• Latest
Фотографија: Wikipedia

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025
Пожарникарите гаснат пожар што избувна по рускиот напад врз Житомирската област на 9 септември 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни состојби / Телеграм

Чист тероризам: 29 убиени, 34 повредени во руските напади врз Украина во текот на изминатиот ден, најмалку 25 убиени во украинско село за време на исплатата на пензии

September 10, 2025

Дебата за Србија во Европскиот парламент, Европската народна партија објави одлука за „напредњаците“ на Вучиќ

September 10, 2025
CCTV го сними моментот на израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас тврди дека раководството го преживеало израелскиот напад во Доха, но потврдува шест смртни случаи

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

September 10, 2025
Фото: Твитер

Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина

September 10, 2025

Увидот во Избирачкиот список завршува утре, до 13 септември се доставуваат кандидатските листи за Локалните избори 2025

September 10, 2025
Фото: МИА Архива

Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање

September 10, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

Се уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и во струшко Татеши и Еленкамен

September 10, 2025

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025 11:03
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Фотографија: Wikipedia

Фотографија: Wikipedia

Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите месеци петте земји на НАТО постепено објавуваа дека се повлекуваат од т.н. Конвенција од Отава, договор склучен во 1997 година кој стапи на сила две години подоцна и ги забранува противпешадиските мини низ целиот свет – нивната употреба, производство и продажба. Мините се многу контроверзни, меѓу другото и затоа што може неселективно да погодат и војници и цивили, пишува Дојче Веле. 

Повлекувањето на петте земји-членки на НАТО треба да се официјализира во текот на месецов – само Норвешка, која исто така има граница од речиси 200 километри со Русија, ќе остане обврзана на договорот. Од крајот на годината, петте земји-членки на НАТО што се повлекуваат од него, би можеле да го обноват производството и складирањето на нагазните мини во близина на границата – за брзо и масовно да бидат користени во итен случај.

Вкупно 164 држави ширум светот се потписнички на Конвенцијата од Отава, а меѓу 33 кои не се, се вбројуваат и Русија, САД и Кина. Кремљ има убедливо најголеми залихи на противпешадиски мини во светот – според проценките станува збор за околу 26 милиони. Многу од нив веќе се користат во Украина.

До денеска, според податоците на невладината организација „Хендикеп Интернешнл“, 58 земји и други области се контаминирани со мини – и покрај фактот дека конфликтите во некои од овие земји се случиле пред неколку децении.

Во најлош случај, во следните неколку години би можеле да се додадат нови големи области. Границата на петте земји на НАТО со Русија и Белорусија, од финската Лапонија на север до полската покраина Лублин на југ, е долга околу 3.500 километри. Голем дел од овие области е ретко населен и густо пошумен, што го отежнува целосното следење на граничната област.

Но, сега постои голема загриженост поради можен руски напад врз територијата на НАТО. Толку голем што тие земји сега би можеле да прибегнат кон употреба на оружје што светот всушност сакаше да го забрани и укине. Според извештајот на британскиот весник „Телеграф“, експертите на НАТО веќе анализираат кои области би биле погодни за евентуално минирање. Целта на земјите-членки на Алијансата е максимално одвраќање: заедно со други мерки за обезбедување на границата, тој мински тепих, за многу краток временски период, во случај на руски напад, би предизвикал толку големи загуби за непријателот што Москва би морала да се воздржи од понатамошна војна.

Особено ранлива членка на источното крило на НАТО е Литванија. Таму, помеѓу руската енклава Калининград на запад и Белорусија на исток, поминува таканаречениот Сувалски коридор, тесна копнена врска од само 65 километри помеѓу Балтикот и остатокот од територијата на НАТО.

Владата е многу загрижена дека евентуален руски напад би можел прво да се случи таму. Поради оваа причина, самата Литванија има намера да инвестира околу 800 милиони евра во производство на нови мини во наредните години.

Повеќе на Дојче Веле

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ