• Latest

Историја на пописите во РСМ: Попис 2021 (втор дел)

November 29, 2021
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Десетици европратеници ќе присуствуваат на Прајдот во Будимпешта, пркосејќи му на Виктор Орбан

June 19, 2025
Фото: веб-страницата на претседателот на Украина,

(ВИДЕО) Зеленски оддаде почит на загинатите во рускиот напад врз Кијив

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Историја на пописите во РСМ: Попис 2021 (втор дел)

November 29, 2021 09:41
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Попис 2021

И додека се уште се зборуваше за пропаднатиот попис и истрагата кои се виновниците, Заводот за статистика започна со подготовки за нов попис во април 2021.

Владата започна со силна кампања за неопходноста од одржување на овој процес, но кампањата против пописот ја започна и опозициската ВМРО ДПМНЕ. Повикувајќи на бојкот на попис се придружи Левицата. Пандемијата земаше се поголем замав и пописот наместо во април се одржа од  5 до 30 септември. Атмосферата и сомнежите како ќе се спроведе оваа операција  беа до крај напнати. За среќа граѓаните беа мирни и достоинствени пописот да се спроведе во најдобар ред.

Во Собранието беше надмината  и последната препрека за пролетниот попис во Северна Македонија, откако пратениците со 62 гласа „за“ го поддржаа Законот за попис на населението и домаќинствата, кој требаше да се одржи во април годинава. Со помош на гласовите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, владејачкото мнозинство обезбеди кворум. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата пред гласањето. Со тоа се отвори патот да се заокружат подготовките за спроведувањето на пописот кој ќе се спроведе од 1 до 21 април. ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека овој закон не е во согласност со европските регулативи, па оттаму нема да биде реален. Тие обвинуваа дека власта го истуркала решението на сила, поради што оваа операција од статистичка станува политичка. Партијата започна со иницијатива за собирање на 10 илјади потписи од граѓаните со која најавуваа дека ќе бараат поништување на Законот за попис откако тој ќе биде донесен.

Владата остана цврсто на ставот дека статистичката операција ќе помогне да се намали трендот на иселување на популацијата во странство.

„Пописот 2021 за прв пат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство. Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес. Пописот 2021 е нашата заедничка иднина, која ни отвора европска перспектива за нашата држава и за нас лично како нејзини граѓани“, соопшти Владата.

ВМРО ДПМНЕ условуваше почеток на пописот, бараше или негово одложување или тој да се спроведе по електронски пат.

Започнаа со собирање потписи за поништување на Законот за попис, кој по 19 години требаше да се одржи во април. Додека Владата смета дека статистичката операција ќе помогне да се намали трендот на иселување на популацијата во странство, опозицијата предлагаше ако пописот веќе мора да се спроведе пролетва, тој да биде по електронски пат, со споредување на базите на податоци на повеќе институции.

Шефот на државата Стево Пендаровски се придружи на предлогот да се помести датумот и порача дека и тој би поддржал одложување на пописот „за некој месец“ доколку тоа доведе до смирување на страстите и политичко помирување меѓу власта и опозицијата.

Христијан Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ се откажа од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и Мицкоски меѓу другото предложи пописот да се одложи за шест до 12 месеци кога, како што рече нема да има ниту избори, ниту ваква кризна ситуација.

„Проблем ли е да се одложи пописот, да не се повикува на бојкот, нека биде мај или јуни, но да си подадеме рака“, изјави Пендаровски во интервју за емисијата „Отворено“ на ТВ24.

Според него, небулозно е тврдењето дека можат да се штелуваат процентите на етничката застапеност на пописот.

Иницијатива за собирање потписи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека иницијатива за собирање потписи ќе започне во подрачните единици на Државната изборна комисија. Откако ќе се соберат 100 потписи, ќе е доставуваат до спикерот во Собранието, а потоа иницијативата ќе се препрати во матични комисии. Откако ќе се констатира комплетноста на првите 100 потписи, тогаш ќе се извести претседателот на Собранието. Партијата, не отстапуваше од ставот дека не треба да има попис со теренски посети во услови на Ковид-19.

За да се добијат сите релевантни податоци, потребен е комбиниран модел на попис, сметаше владејачката СДСМ и дека преку вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите што веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците што се неопходни, но не се опфатени со електронските бази.

Комбинирана пописна методологија

Установена е методологијата за вкрстување на податоците. Новиот комбиниран пописен метод (со апликативно решение) предвиде користење на податоците од креирана претпописна база на податоци со која преку ЕМБГ се интегрирани одредени белези на лицата – единици на Пописот од следниве административни и статистички извори: МВР- со база на државјани на  Република Северна Македонија, МИОА- Министерство за информатичко општество и администрација – со податоци од регистар на население, АВРСМ- Агенција за вработување на Република Северна Македонија со податоци за економска активност на населението, МОН-Министерство за наука и образование  со податоци за запишани ученици во средно и основно образование, во тековна училишна година, , УЈП-Управа за јавни приходи со податоци за лица кои имаат примања и за кои се исплаќа персонален данок и  данок на доход,  ПИОМ-Фонд за пензиско и инвалидско осигурување со податоци за корисници на пензии и инвалидско осигурување и приматели на пензии по сите основи, МТСП-Министерство за труд и социјална политика со податоци за корисници на права на социјални трансфери, УВМК- Управа за водење на матични книги со податоци од матични книги на родени и умрени и венчани лица, АКН- Агенција  за катастарот на недвижнини со податоци за недвижности и нивни движења, ДЗС-Државен завод за статистика со податоци од статистички истражувања.

Апасиев од Левица и понатаму  гласно повикуваше дека ова е попис кој секој патриот МОРА да го бојкотира – со цел да не помине. Сите досегашни пописи беа бојкотирани од Албанците, сега е на ред да го бојкотираат Македонците.”

„Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со “државници” како Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек. “, изјави Апасиев.

Лидерот на партијата Димитар Апасиев тврдеше дека 200 илјади Македонци одбиле да се попишат, но тој податок со ништо него поткрепи.

Странските медиуми воглавно се занимаваа со проценката на бројот на жителите и предупредувањата дека тој се намалува поради иселување на младите во европските држави. France 24 покрај тоа се осврнува на фактот дека во Македонија, земја која е кандидат за ЕУ, попис на населението би требало сепак да се одржува на секои десет години. Но последниот се случил 2002 само година дена по вооружениот конфликт, а пописот планиран за 2011 пропадна како жртва на политичките караници и недовербата на двете страни, албанската и македонската, бидејќи двете се обвинуваа за обид за манипулација.

Медиумот наведува дека и годинашниот попис започна со политички караници меѓу кои најгласен беше лидерот на Левица кој повика на бојкот тврдејќи дека методологијата која е утврдена е на штета на Македонците. Медиумот наведува дека нејзиниот лидер Димитар Апасиев излезе во јавност со податок дека 200.000 граѓани одбиле да учествуват во пописот, но бројката не ја поткрепи со факти.

„Законот за попис и методологијата беа споделени со Евростат. Тие потврдија дека во повеќето аспекти се методолошки се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на Европската унија иако законодавството на ЕУ се уште не е обврзувачко за Северна Македонија како земја кандидат”, изјави Маргарида Карвало од канцеларијата за односи со јавноста на Евростат.

Наспроти барањето на опозицијата, владејачката коалиција беше на став дека само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја отфрла идејата за комбиниран попис што го спомена премиерот Зоран Заев бидејќи, според него, тоа повторно би значело одење на врата од страна на попишувачите и барање на матичен број.

Операција попис

Пописот се одвиваше и во дијаспората. Муамет Хоџа, на конференција за новинари во Владата на Република Северна Македонија изјави дека тековниот процес на самопопишување на македонските државјани во дијаспората се одвива без проблеми и дека бројот на попишани изнесува 82.113 лица. Најмногу попишани граѓани се во Швајцарија, Германија и Италија. Надминати се сите технички проблеми кои се јавија првите неколку денови и самопопишувањето се одвива со зголемена динамика и без посериозни потешкотии.

Според директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија успешно заврши. Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји.

Според Симовски, занемарувачка е бројката на оние што одбиле да се попишат, но деновиве ќе биде собрана и точно ќе се знае. Сепак, може да се изрази во промили, не во проценти. За нив, како што рече Симовски, има искази кај попишувачите и ќе бидат покренати постапки.

Александар Николиќ Писарев 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ