• Latest

Истражување: Четиринаесет проценти од жените биле жртви на физичко или сексуално насилтво на возраст над 15 години

December 4, 2019
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Истражување: Четиринаесет проценти од жените биле жртви на физичко или сексуално насилтво на возраст над 15 години

December 4, 2019 13:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Четиринаесет проценти од жените кои биле интервјуирани изјавиле дека биле жртви на физичко или сексуално насилство  на возраст над 15 години од страна на партнерот или друг маж од нивната блиска околина, три од 10 или 30 проценти изјавиле дека биле жртви на сексуално вознемирување во својот животен век, додека 10 проценти во последните 12 години. Процентот е многу повисок кај жените што живеат во урбани средини за разлика од жените од руралните средини кои многу малку го препознаваат или пријавуваат сексуалното вознемирување.

Овие се податоци од истражување на ОБСЕ објавено во 2019 година, кои беа презентирани на денешната Панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство и стандардите за нивно функционирање, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство истакна дека сексуалното насилство и неговите различни облици е една од најмалку пријавуваните форми на насилство, особено силувањата во брак и силувањата во интимен партнер како најчести облици на сексуално насилство се скоро минимално пријавувани.

– Причината за тоа произлегува од непрепознаеноста на оваа форма на насилство врз жените од самите жени поради тоа што се смета дека брачните партнери имаат обврска да ги задоволат потребите на другиот брачен партнер кога тој ќе го побара особено ако се зборува за брачните обврски на сопругата спрема својот сопруг, така да и самите жени не се свесни дека силувањето во брак и дека учеството во било каков сексуален акт без нејзина согласност е кривично дело, е форма на насилство и како такво треба да биде пријавено и соодветно треба да биде санкционирано. Покрај силувањето во брак, тука е силувањето од интимен партнер кој исто така не е доволно препознаено и од самите жртви и институциите, рече Димушевска.

Таа посочи дека во Кривичниот законик мора да се вклучи соглсноста како услов и критериум за квалификација за сексуалниот чин да се квалификува како силување, бидејќи, како што рече, ова го препорачува потпишувањето на Истанбулската конвенција, кој нашата држава го има потпишано во 2017 година.

Таа препорача дека вакви центри треба да постојат уште минимум пет, минимум по еден во секој плански регион, каде жртвите и од другите делови на земјата ќе имаат каде да се обратат во моментот кога ќе го доживеат насилството.

Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права рече дека се уште се соочуваат со недоволна информираност на полициските службеници и на здравствените работници за упатување на жртвите до центрите.

– Нема покриеност од 24 часа услуга, значи уште не работат во три смени. Секогаш постои проблем со земање докази. Судската медицина нема доволно вештаци кои излегуваат на терен. Тоа веќе е системски проблем кој не се однесува само на оваа структура жртви. Најважното нешто е тоа што жртвите немаат доволно информации, рече Пировска.

Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство изјави дека на оваа клиника откако е отворен Центарот се вршеле и се уште се вршат обуки за клинички третман на жртви на силување или сексуално насилство во кризни состојби, кои ги посетувале повеќе од 40 вработени со цел да се обезбеди достоинствена и ефикасна грижа на жртвите од насилството. Додаде дека водат исклучителна грижа околу уверувањето на жртвата дека нејзината приватност ќе остане сочувана на највисоко ниво.

Нада Тофоска, координаторка на Центарот за жртви на сексуално насилство во Скопје информира дека се отворени три центри во градовите Скопје, Куманово и Тетово кои функционираат во рамки на Гинеколошко – акушерските клиники. Информира дека на жртвите им нудат помош во спроведувањето на следните процедури: подготовка на жртвата за пружање медицинска нега; подготовка за преглед, земање анамнеза и историја; собирање форензички докази; изведување физички и генитален преглед; препишување третманот; советување на жртвата  и следење на жртвата

Посочи неколку искуства каде во 2018 година биле пријавени три случаи, додека во 2019 година пет случаи. Додаде дека најавени се три случаи на малолетнички, кои не дошле во Центарот и кај еден од сите пријавени случаи е докажано силување.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ