• Latest

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

Говор на Џабир Дерала на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“

May 17, 2025 14:35
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес не зборувам само за геополитика и стратегии, туку за сеќавањето – за вистината и правдата што им ја должиме на жртвите и за одговорноста што ја носиме пред живите.

Руското влијание во Србија не се сведува само на дипломатија или воено сојузништво. Тоа е софистицирана и длабоко вкоренета стратегија која ги опфаќа медиумите, разузнавањето, Црквата и културниот идентитет. Секако, и кон јакнење на капацитетите за водење хибридна војна. Тоа е стратегија насочена не само кон проширување на геополитичкиот отпечаток на Русија во регионот, туку и кон препишување и дисторзија на историјата, правдање на злосторствата и оживување на хегемонијата на Балканот под знамето на „одбрана на нашите“.

Во центарот на оваа стратегија се наоѓа моќен и смртоносен наратив: митот за жртвата.

Русија и Србија изградија и споделуваат светоглед во кој двете нации се прикажуваат како вечни жртви на западната агресија, глобалните заговори и културниот прогон. Во овој наратив, агресијата се претставува како самоодбрана, а геноцидот како праведна борба за слобода и правда.

Руската медиумска инфраструктура – RT Balkan, Спутник Србија и широка мрежа од локални „патриотски“ медиуми – неуморно работи на поддршка на српските националистички наративи. Западот се прикажува како извор на сите проблеми на Балканот, НАТО како историски агресор, а ЕУ како империја што се распаѓа, непријателски настроена кон словенскиот и православниот идентитет.

Но најопасниот дел од оваа машинерија не е тоа што го кажува за другите, туку долгорочната стратегија што ѝ дозволува, односно ѝ наметнува на „публиката“ да ја негира вистината за себе.

Негацијата на геноцидот во Сребреница не е изолиран чин на историски ревизионизам – тоа е централен столб на оваа пропагандна структура. Нека биде кажано уште еднаш: Повеќе од 8.300 Бошњаци – мажи и момчиња – беа систематски егзекутирани во јули 1995 година. Фактите се добро документирани, пресудите донесени, масовните гробници видливи. 

И сепак, до ден-денес, тоа ужасно злосторство се минимизира, се релативизира, и – на многу места низ регионот, не само во Белград и Москва – отворено се негира. Да не се заборави. Паралелно со масовните егзекуции, геноцидот во Сребреница беше обележан со систематско сексуално насилство – илјадници силувања и нечовечки третман врз жени и деца – и присилно раселување на над 25.000 луѓе од регионот, оставија траума што оставија длабока лузна на секоја педа од Босна.

И токму тука руската стратегија совршено се усогласува со српскиот хегемонизам: преку наративите за прогон и жртва, Москва му овозможува на Белград да ја продолжи својата политика на регионална доминација под превезот на самоодбрана. Воените злосторници се претставуваат како патриоти. Сецесионизмот се претставува како процес за заштита на „загрозеното и прогонето“ српство. Процесите за помирување се блокираат и се заменуваат со кампањи на стравот и омразата. А секој обид за обелоденување на фактите и вистината се етикетира како напад врз српскиот идентитет.

Ова не е само политика – ова е војна со наративи.

Српската православна црква, во тесна идеолошка и оперативна координација со Руската православна црква, ја презема улогата на морализатор во овој екосистем. Таа не го благословува мирот, туку национализмот и војната. Таа не ги лечи раните од војната – туку ги отвора со проповеди за жртвата и божјата предодреденост. Лагата ја прогласува за светост и со тоа ја труе душата на цели генерации.

Во меѓувреме, руските и српските разузнавачки служби соработуваат во операции кои ги таргетираат граѓанските организации и активисти, спроведуваат софистицирани и масивни дезинформациски кампањи и ги поткопуваат владите со прозападна ориентација во регионот. Нивните хибридни тактики не се нови – но стануваат сè поагресивни, технолошки понапредни и емоционално поефективни, а со тоа и поопасни. Тие не внесуваат дисторзија на реалноста на денешницата – тие го бришат минатото.

А тоа нè води до она што е најважно: вистината.

Не смееме да дозволиме геноцидот да се негира. Не смееме да дозволиме масовните гробници да бидат закопани под пропагандата. И не смееме да дозволиме жртвите да бидат убиени по втор пат — со молчење.

Негацијата на геноцидот не е само изопачување на вистината – туку оружје, со кое тиранијата и лагите владеат уште долго откако земјата е натопена со крв. 

Некои тврдат дека луѓето негираат такви злосторства затоа што се заробени во пропаганда, дека биле научени да гледаат на агресорот како на жртва. Иако тоа може да важи за некои, тоа ни оддалеку не е целосно оправдување. Не кога има масовни гробници. Не кога доказите се непобитни. Не кога преживеаните сè уште сведочат, а институциите на правдата изрекле пресуда. Пред таков ужас, да се тврди „ние бевме нападнати“ или „не знаевме“ не е само нечесно – тоа е апсурдно, цинично и неморално. Тоа е како да велите дека не знаевте оти убиството е зло. Негацијата, во такви околности, не е незнаење. Тоа е соучесништво.

Пропагандата не го повлекува чкрапалото, но ги мотивира луѓето да убиваат, палат и силуваат. Не ја фрла бомбата, но ја подготвува пистата. Не ги закопува телата, но спроведува операции тие да бидат заборавени. Еден човек може да убие еден или повеќе други човечки суштества. Но! Пропагандата убива илјадници – и ја уништува секоја можност за исцелување меѓу живите.


Говор на Џабир Дерала на панелот „Улогата на Русија во поддршката на големосрпската пропаганда на Западен Балкан“ на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ