• Latest

Истражување на МЗ: Од 16 691 хоспитализации поради КОВИД-19, 1 114 се регистрирани по вакцинација 

December 2, 2021

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Истражување на МЗ: Од 16 691 хоспитализации поради КОВИД-19, 1 114 се регистрирани по вакцинација 

December 2, 2021 13:36
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter
Вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација. Една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Како што соопшти Министерството за здравство, ова се првични, прелиминарни резултати кои се дел од тековно истражување на вакциналната ефективност во македонската популација. Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторант-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.
Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт кај македонската популација биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој термин“ од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021.
Вкупно 1 886 124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779 558 вакцинирани испитаници кои примиле барем една доза вакцина и 1 106 566 невакцинирани испитаници. Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33 отсто биле вакцинирани со барем една доза, од кои повеќето (37.78 отсто) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот „Pfizer/BioNTech“ и вакцината „CoronaVac“ на производителот „Sinovac“.

Анализата покажува дека вкупно 30 136 лица биле хоспитализирани од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата во Северна Македонија (26.02.2020) до 30.09.2021, од кои 6 542 починале (21.708 отсто од хоспитализираните). Просечната возраст на хоспитализираните изнесувала 61 година, а 56.5 отсто од нив биле мажи. Од хоспитализација до смрт поминувале во просек 14.8 дена, а половина од испитаниците умреле во рок од осум дена по хоспитализација. Сите оние кои биле хоспитализирани пред да бидат вакцинирани со прва доза биле класифицирани како невакцинирани случаи.

-Од 15.01.2021 до 30.09.2021, од вкупно 16 691 хоспитализации, 1 114 биле регистрирани по вакцинација, кај 701,148 целосно вакцинирани (0.159 отсто), додека 15,577 хоспитализации биле регистрирани кај 1,119,139 невакцинирани (1.391 отсто). Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 88.727 отсто (95 отсто интервали на доверба (ИД): 88.017- 89.400 отсто), се наведува во анализата.

Постарата возраст и машкиот пол, како што се наведува, значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76 отсто поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години, а мажите имаа околу 23 отсто поголем ризик од хоспитализација од жените. Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години). Со тоа, коригираната ефективност на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90.604 отсто (95 отсто ИД: 90.018- 91.166 отсто).

Според анализата, две дози од КОВИД-19 вакцината „BNT162b2“ на производителот „Pfizer/BioNTech“ покажала највисока ефективност во спречување хоспитализација, следена од вакцината „ChAdOx1-S“ (производител „AstraZeneca“) и вакцината „CoronaVac“ (производител „Sinovac“), сите со ефективност над 92 отсто. Вакцините „BBIBP-CorV“ (производител „Sinopharm“) и „Gam-COVID-Vac“ (производител „Gamaleya Institute“) покажаа послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но се уште имаа висока ефективност, над 80 отсто.

Во анализа на 65 837 лица кои примиле само една доза вакцина од било кој производител, се покажало значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од КОВИД-19. По корекција за пол и возрасни групи, тоа изнесуваше 40.918 отсто (95% ИД: 35.912- 45.644).

Според анализата, во периодот од 1 јануари 2020 до 30 септември 2021 умреле вкупно 42 970 од 1 886 124 испитаници на возраст од 11 години и постари. Од овие, 17 823 смртни случаи се регистрирани во периодот на следење на студијата, од кои 3 947 биле смрт од регистрирана КОВИД-19 (22.145 отсто). Просечната возраст на умрените лица од КОВИД-19 изнесувала 70 години, половина од умрените биле под 71 година, најмладиот починат бил на 15 години, а најстариот на 99 години.

Од вкупно 3.947 регистрирани смртни случаи на КОВИД-19 во периодот 15.01.2021-30.09.2021, само 179 смртни случаи беа регистрирани кај 712.587 лица кои биле целосно вакцинирани (0.0251 отсто), додека 3.642 смртни случаи беа регистрирани кај 1.106.574 лица кои биле невакцинирани (0.329 отсто). Со тоа, како што се наведува, грубата процена на ефективноста на две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 92.39 отсто (95% ИД: 91.159- 93.486%).

-Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеа и врз ризикот од смрт од КОВИД-19, при што оние на возраст од 65 години и нагоре имаа речиси двојно поголем ризик од смрт од КОВИД-19, а мажите имаа околу 28 отсто поголем ризик од жените да починат од КОВИД-19. По коригирањето за пол и возраст, ефективноста на примени две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 94.064 отсто (95% ИД: 93.661- 94.448%), покажува анализата.

Според анализата, сите вакцини покажаа висока ефективност, над 91 отсто, во спречување смрт од КОВИД-19. За разлика од претходната анализа во спречување хоспитализација, вакцините „BBIBP-CorV“ (производител „Sinopharm“) и „Gam-COVID-Vac“ (производител „Gamaleya Institute“) покажаа многу мала разлика во пружањето заштита од смрт од КОВИД-19 споредбено со останатите вакцини. Вакцината „BBIBP-CorV“ (производител „Sinopharm“), како што се наведува, имаше малку пониска ефективност од останатите вакцини во спречување смрт од КОВИД-19, која е незначителна.

Во анализа на 66.942 лица кои примиле само една доза вакцина од било кој производител се покажала значително пониска ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, која коригирана за пол и возрасни групи изнесуваше 39.140 отсто (95% ИД: 34.476- 43.562).

Од ресорното министерство посочуваат дека истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ