• Latest

Истражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата

October 9, 2020
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Истражување на СЕММ: Најчести прекршувања на новинарските стандарди за време на пандемијата

October 9, 2020 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата, се дел од наодите од анализата што ја спроведе Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во периодот јули – септември годинава, анализирајќи ги искуствата на медиумските саморегулаторни тела – членки или придружни членки на Алијансата за независни совети за етика во медиумите во Европа (АИПЦЕ), каде што полноправно членува и СЕММ.  

 Истражувањето на СЕММ, коешто е прво од ваков вид во глобални рамки, го објави и УНЕСКО.

„Задоволни сме што преку проектот финансиран од ЕУ го поддржавме објавувањето на ова истражување. Во УНЕСКО, силно веруваме дека советите за етика имаат критична улога во одбраната на слободата на изразување и во адресирањето на проблемот со дезинформациите. Ова особено се потврдува за време на криза. Сепак, зголемена е загриженоста за влијанието на пандемијата и последиците од проблемот што ќе го има финансиската криза во медиумите врз иднината на овие совети. Се надеваме дека со анализата на СЕММ ќе се зголеми свесноста за потребата од обезбедување финансиска стабилност“, истакна Аделин Хулин од канцеларијата на УНЕСКО во Брисел.  

 Советите за етика периодов, неретко, добивале и жалби за известување во насока на теориите на заговор:„Коронавирусот е проект, не е неизлечив, имаме ‘лек’! Вирусот е патентиран во 2015 година“. „Кликбајт“ наслови од типот „Коронавирусот не може да преживее“, ,„Лек за коронавирусот почнува да се продава од утре“ се дел од новинарските текстови за коишто биле поднесени жалби до босанскиот Совет за етика.  

 Со ширењето на пандемијата, се зголеми и загриженоста околу заштитата на приватноста и заштитата на податоците во медиумското известување. Случаи во кои биле нарушени овие принципи многу често се пријавувале до советите за етика во медиумите во повеќе држави. Во Советот за етика во Ирска биле пријавени случаи кога одредени весници објавиле имиња на лица заразени со ковид-19, што предизвикало негативни реакции во јавноста. „Сепак, весниците беа многу внимателни и ги идентификуваа само оние лица коишто се согласиле на тоа. Можеби секогаш постои аргументот за јавниот интерес, но идентификувањето на поединците е избрзан чекор“, нагласуваат од ирскиот Совет за етика.  

Во одредени држави имало реакции и на објавувањето фотографии од медицински лица. Таков пример е регистриран во саморегулаторното тело во Велика Британија ИПСО. Самиот здравствен персонал укажал дека во услови кога се под екстремен притисок и поминуваат низ многу тешки времиња ваквото однесување е нападно. „За нас, како саморегулаторно тело, беше интересно прашање за тоа какви се правата на медицинските работници во овие околности, бидејќи во нормални услови би им објасниле дека се во фокус на јавноста и се претставени во професионално светло, а тоа не е во доменот на приватното“, нагласуваат од ИПСО. 

 Пристапот до информации беше клучниот проблем со кој се соочуваа медиумите и новинарите за време на пандемијата, што се рефлектираше и врз работата на советите за етика. Споделените искуства потврдуваат дека здравствените институции и властите го ограничувале протокот на информации, како и пристапот на новинарите до локациите, селектирале што може да се објавува или ги ограничувале прашањата кoи новинарите можеле да ги поставуваат, а притоа биле од јавен интерес. Некои институции во одредени држави го забранувале присуството или селектирале кои медиуми ќе бидат поканети, што го ограничува пристапот до информации, како за медиумите, така и за граѓаните. 

 За справување со овие нови ситуации во едно комплексно време, имајќи предвид дека во некои држави корона-кризата се поклопи со одржување и на избори, како што е случајот со нашата држава, соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, медиумите и нивните асоцијации, со институциите и граѓаните, се покажа како мошне значаен механизам за советите за етика. Мултисекторската соработка меѓу сите засегнати страни е во согласност со некои од клучните препораки на меѓународните организации за заштита на слободата на изразувањето и информирањето во време на криза.  

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ