Италија работи на спроведување на договорот за заем за Украина поддржан од руски средства кои се чуваат во Европската унија, изјави во вторникот премиерката Џорџија Мелони, пренесува Ројтерс.
Во јуни Г7 се согласи за време на нивниот годишен самит во јужна Италија да и обезбеди на Украина заеми кои ќе бидат поткрепени со каматата акумулирана од блокираните руски фондови.
„Ќе продолжиме да работиме на спроведување на договорот за заемот [за Украина] поддржан од каматата акумулирана од руските средства што се замрзнати во Европа, важен резултат постигнат од италијанското претседателство на Г7“, рече Мелони на Сенатот на Горниот дом пред одржувањето на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на 17-18 октомври.
А.М.