Италијанскиот премиер Ѓузепе Конте од Италија ќе ја поднесе својата оставка на претседателот Серџо Матарела денеска, соопшти неговиот кабинет, со што е се очекува колапс на италијанската влада. Владата на Конте се соочува со тешки проблеми со епидемијата на коронавирусот и со процесот на вакцинирање, се вели во утринскиот брифинг на Њујорк Тајмс.
Повеќе од 80.000 Италијанци починаа од вирусот. Владата имаше бавен, но стабилен напредок во вакцинирањето на своите јавни здравствени работници, одеднаш се соочи со пречки во процесот, по што се закани дека ќе го тужи Фајзер за недостиг на дози на вакцини.
Владата на Конте не успеа да добие апсолутно мнозинство за време на гласањето за доверба во Сенатот минатата недела, откако Матео Ренци се повлече од коалицијата во знак на протест за управувањето со епидемијата на Конте.
Сè уште е неизвесно што ќе се случи откако Конте ќе понуди оставка, останува нејасно. Конте може да остане на чело на владата, но со нова владина коалиција, односно различен состав на партии. Другите можности вклучуваат потемелна реорганизација со друг премиер, па дури и избори за нов парламент.