Categories

ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ Итен состанок на ОПЦВ

Организацијата за забрана на хемиско оружје денеска почна итни разговори за наводниот напад со отровен гас во сирискиот град Дума, изјавиле дипломатски извори за АФП.

Изворот информирал дека состанокот „само што почнал” и се одржува зад затворени врати.

Британскиот, рускиот и францускиот амбасадор претходно биле забележани како пристигнуваат во седиштето на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Хаг.

ОПЦВ има 192 членки, а денешниот состанок на извршниот совет составен од 41 држва го свикал неговиот претседавач, амбасадорот на Бангладеш, Шеикот Мохамед Белал, „за да се разговара за наводна употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

Тим на ОПЦВ во моментов е во Сирија за да ги испита наводите за хемиски напад врз градот Дума, во кој загинаа 40 лица.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email