• Latest

Иванов да го потпише законот за да се достави до Уставен и Венецијанската комисија

March 16, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов да го потпише законот за да се достави до Уставен и Венецијанската комисија

March 16, 2018 07:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише указот за Законот за јазиците за тој да стигне до Уставниот суд и да биде доставен до Венецијанската комисија, порачуваат политичарите и дел од експертската јавност. По донесувањето на Законот за јазици, претседателот Иванов излезе со став дека Уставот и совеста не му дозволуваат да стави потпис на Указ за прогласување на ваков закон.

Премиерот Зоран Заев во видео обраќање вчера посочи дека Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години.

– Никој не е, и не може да биде над Уставот. Истовремено, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик и е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани, рече Заев, кој повика на отфрлање на политиките на поделби, раздор и конфликт и да се заокружат реформите.

Портпаролката на Европската комисија вчера изјави дека Комисијата очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување. – Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич.

Додаде оти очекувањата на Европската комисија се Собранието сега да се фокусира на реформите и да се напредува во ЕУ агендата.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска, пак, смета дека прашањето дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го потпише указот за Законот за јазиците е негова одлука, но, оти во оваа фаза не се работи за желба туку за должност.

– Одлуката на претседателот е негова како тој ќе постапува, меѓутоа словото на законот и на Устаот, пред се на Уставот, во оваа фаза се работи за должност не се работи за желба дали ќе се потпише указот или не туку за должност на претседателот кога по втор па Собранието ќе го усвои законот да го потпише, изјави Лазарова Трајковска, која е и поранешна уставна судијка.

Судијата на Уставниот суд на РМ Осман Кадриу не сакаше да даде оценка дали донесениот Закон за употреба на јазиците е уставен или не, за, како што рече, да не прејудицира евентуална одлука на Судот доколку до него стаса иницијатива за оценување на уставноста. Смета дека согласно Уставот, претседателот на државата Ѓорге Иванов е должен да го потпише Законот затоа што тој еднаш веќе го искористил правото на вето.

Не е умесно, рече тој, од од позиција што ја имам да кажам дали Законот е уставен или не.

– Прво, Законот треба да влезе во правна сила откако ќе биде објавен во „Службен весник“. Потоа, треба да се чека ако до Судот дојде иницијатива за оценување на уставноста. Таа ќе биде разгледана строго стручно, професионално и уставно, рече Кадриу.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Службен весник“IvanovВенецијанска комисијазакон за јазициЗоран ЗаевКадриуКоцијанчичЛазарова-Трајковскапотпис
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ