• Latest

Иванов доследен на молкот од изминатите 8 години

April 11, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов доследен на молкот од изминатите 8 години

April 11, 2019 07:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако измина речиси една недела откако кабинетот на претседателот на државата потврди дека се примени барања за амнестија на осудените за нападот на Собранието и пратениците на 27 април, од Иванов се уште ни трага ни глас.

Всушност, ништо ново од страна на Иванов, со оглед на тоа како ги помина двата мандати во улога на претседател на државата.

Адвокатите  на обвинетите се повикуваат и на членот 11 од Законот за помилување кој гласи дека претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.

Но, од Министерството за правда е децидно дека претседателот нема право да аболицира и тоа е постапка која се води исклучиво преку ова Министерство, а до кај нив вакви барања за аболиција нема поднесено.

Од таму појаснуваат дека за тоа постојат две причини, односно дека постапката може да се води единствено преку Министерството за правда, со оглед дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство и дека членот 11 од Законот за помилување повеќе не постои во правниот систем на нашата држава и второ, распишани се претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

Додека еден дел од јавноста се согасува околу тоа дека Иванов нема законско право да ги помилува осудение, други сметаат дека Иванов може да се повика на решението од Уставен суд кое вели дека на претседателот му биле скратени правата и можел да бара помилувања. Меѓу вторите се и уставните судии кои гласале против одлуката на Уставниот суд да се укинат измените на Законот за помилување донесени во 2009 година.

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев за шпекулациите за можна аболиција од претседателот Ѓорге Иванов на осудените од 27 април 2017 година, вели помилување не е потребно, туку бара високите казни да се укинат.

Партијата бара укинување на затворските казни што ги изрече Основниот суд Скопје 1, не од Иванов, туку во редовна и законита судска постапка. Пресуди според Законот за кривична постапка и Уставот, укинува само повисок суд, во случајов Апелациониот суд Скопје 1, пред кој осудените 16.мина поднесуваат жалби против нивните првостепени пресуди. Но, за секој случај, паралелно со барањето за укинување на казните, тие поднеле барање за помилување и од претседателот во заминување Ѓорге Иванов.

Досега не се објавени имињата на оние кои бараат помилување. Во јавноста се шпекулира дека амнестија бараат поранешните началници Митко Чавков и Владимир Атанасовски, но и поранешните функционери како Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

М. Ивановска

Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ