• Latest

Иванов нема да биде во Македонија за време на референдумот

August 30, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов нема да биде во Македонија за време на референдумот

August 30, 2018 12:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов нема да биде присутен во земјава за време на одржувањето на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, наведуваат денеска повеќе македонски медиуми.

МИА претпладнето побара потврда или демант на оваа вест од Кабинетот на претседателот, но оттаму не добивме официјален став за тоа дали претседателот навистина нема да биде присутен во земјата на 30 септември, пресвртен датум од поновата македонска историја.

Медиумите наведуваат дека според неговиот Кабинет, Иванов ќе бил спречен на референдумот да го даде својот глас „за“ или „против“, поради тоа што, ќе ја претставувал Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

-Неговото отсуство од земјава е резултат на договорениот „систем на ротација“, според кој една година во Њујорк оди премиерот, а друга година шефот на државата, пренесуваат медиумите повикувајќи се на Кабинетот на Иванов.

Генералното собрание на Обединетите нации, што секоја година почнува во третиот вторник од септември, годинава ќе се одржува од 25 до 30 септември. Според прелиминарниот распоред на учесници во главната дебата на генералното собрание на ОН, објавен на нивниот сајт,  претседателот Иванов ќе има свое излагање на 27 септември во претпладневната сесија.  (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ѓорѓе ИвановОНпретседателреферендум
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result