Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска за ЦИВИЛ Медиа вели дека граѓаните мора да се слободни за да можат да препознаат што е вистинско и вреди, а што е лажно и поткупливо.
ЦИВИЛ Медиа: Што е корупција и како ја дефинираме политичката корупција?
Ивановска: Политичката корупција можеме да ја издефинираме како желба да се освои власта не по своја заслуга туку поради поткуп на гласачи или наведување на гласачите дека се остварени некакви резултати се со цел да се оствари власта. Затоа велиме власта се освојува, демократијата се учи. Затоа е потребно да се демократизираат процесите, да бидат слободни граѓаните за да можат да препознаат што е она што е вистинско и вреди, а што е она што е лажно и поткупливо.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети