Ваквата одлука доаѓа откако Талевска пред Апелациониот суд побара да бидат укинати мерките на претпазливост. Според одбраната на Талевска, таа поради нејзината работа како новинар и уредник имала потреба од патувања.
Апелациониот суд, исто така, ги одби и жалбите за мерките на претпазливост на обвинетите во случајот „Тортура“, меѓу кои е и поранешниот началник на Алфите Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци-алфи, за апсењето на поранешниот министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
Од Апелациониот суд информираат дека се донесени сите одлуки по жалбите на СЈО и на осомничените, но истакнуваат дека дел од нив ќе бидат објавени в понеделник.
СЈО со поднесените жалби бараше притвор за дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина, за кои поднесе по неколку обвиненија.