• Latest

Избор – меѓу познатото минато и непознатата иднина

October 20, 2019
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Избор – меѓу познатото минато и непознатата иднина

Оние што нудат чекорење напред кон неизвесната иднина се далеку од безгрешни и совршени. Грешат, но и ги признаваат и ги поправаат грешките. Има далеку поголема одговорност пред јавноста па и пред органите на прогонот, како и далеку поголема слобода, уважување и респонзивност кон јавната критика. И доволна храброст, после сите трауми и зла низ кои помина нашата земја и сите ние, да се предводат граѓаните напред, иако напредокот понекогаш изгледа невозможен.

October 20, 2019 18:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Повторно сме на крстопат, по којзнае кој пат.

И повторно, и овојпат, ќе избираме помеѓу неизвесната иднина и извесното минато.

Избираме помеѓу единствениот, прав пат, кој е макотрпен и бавен, покриен со трње, полн со дупки, опасности, препреки, крстопати без ознаки…Наспроти тоа, другиот пат е „обнова“ на „преродбата“, и сигурно, предвидливо чекорење кон пропаста.

Добро го познаваме нашето надалеку прочуено и „славно“ минато, полно крв, војни, страдања, жртви, насилство, омраза, криминал, поделби. Далеку поголема непознаница е нашата неизвесна европска иднина, која, како што видовме, и не зависи секогаш само од нас и нашите перформанси како општество.

Погледнете го нашиот политички пазар, и видете кој што нуди. И со каков пристап се однесува кон проблемите и кон граѓаните.

Оние што нудат чекорење напред кон неизвесната иднина се далеку од безгрешни и совршени. Грешат, но и ги признаваат и ги поправаат грешките. Има далеку поголема одговорност пред јавноста па и пред органите на прогонот, како и далеку поголема слобода, уважување и респонзивност кон јавната критика. И доволна храброст, после сите трауми и зла низ кои помина нашата земја и сите ние, да се предводат граѓаните напред, иако напредокот понекогаш изгледа невозможен.

Таква јавност, низ дебата, може да дојде до решенија за неизвесната иднина и да најде потребни консензуси за премостување на пречките кои изгледаат непремостиви. Токму како што беше со решавањето на 30 годишниот спор со Грција, што иако не ни ја избистри европската иднина, го затвори прашањето за безбедноста и сигурноста на државата со влезот во НАТО.

Наспроти тоа, оние што го нудат „славното“ и сигурно минато се безгрешни. Тие навистина безгрешно и планирано ги криминализираа и клиентелизираа институциите, бизнисот, образованието, медиумите и го деградираа општеството, и ќе продолжат да ја деградираат јавната дебата користејќи вербално (па и физичко) насилство и омраза кон сите што не мислат како нив.

Како што повеќепати сум повторил (бидејќи ситуациите и создавачите на проблемите ни се повторуваат), тие политики кои не се дистанцираат од ачик-криминалот, омразата и насилството од минатото, потпомогнати со „јавноста“ што ја произведе „преродбата“ на Груевски, не можат да произведат ништо друго освен скапо – ништо (како Скопје 2014 после Букурешт 2008ма, на пример), некои нови бетонски или симболични кулиси и завеси зад кои ќе се одвива сигурната пропаст во криминал, етнички, верски, политички и секакви други поделби.

За жал, и овојпат изборот нема да биде меѓу убаво и поубаво, туку помеѓу разумот и лудоста. А така ќе биде се додека избираме помеѓу познатото минато и непознатата иднина.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ