• Latest

ИЗБОРЕН РАПОРТ #12: Грчева ќе „дига на клоци“ и ќе апси, црна кампања со злоупотреба на трагедијата во Тетово, случај „Латас“, ЦИВИЛ со викенд обуки за набљудувачите

October 8, 2021

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #12: Грчева ќе „дига на клоци“ и ќе апси, црна кампања со злоупотреба на трагедијата во Тетово, случај „Латас“, ЦИВИЛ со викенд обуки за набљудувачите

October 8, 2021 14:06
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Како и секогаш, гласачите ќе бидат на голема мака да донесат информиран избор на 17 октомври кога ќе можат да го искористат своето фундаментално право, правото на глас, на слободни, фер и демократски избори.

За жал, и овој изборен процес се претвори во беспоштедна и бескрупулозна борба за власт. Во мониторингот на изборната кампања се бележи дека дел од учесниците ги користат сите средства, и дозволени и недозволени, за да ја придобијат „љубовта“ на гласачите.

ОПШТ ВПЕЧАТОК: МИРНА КАМПАЊА, БЕЗ ИНЦИДЕНТИ, ЦИВИЛ СО ФОКУС НА НЕРЕГУЛАРНОСТИТЕ

Општиот впечаток е дека се водат два различни видови кампања, од кои едната се однесува на локалните агенди на кандидатките и кандидатите за функции во локалната власт, а втората е црна кампања во која преовладуваат говорот на омразата, навредите и дезинформациите за политичките конкуренти.

Општо земено, кампањата, сепак, е мирна и без поголеми инциденти. Во секој случај, мониторингот на ЦИВИЛ се фокусира на нерегуларностите, односно случаите кои отстапуваат од тоа што може се нарече нормален тек на изборниот процес.

ЦРНА КАМПАЊА: ДОМИНИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО, МЕТА СЕ ВИСОКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СДСМ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ јавува за нови случаи на говор на омразата и црната пропаганда во изборен контекст. Доминира темата со трагедијата во Тетово која се користи за дискредитација на политичките противници. Се бележи организиран напад на социјалните мрежи од поддржувачи на опозициските партии кои упатуваат вулгарни навреди и закани под објавите со информации и содржини за партиските активности на СДСМ.

Констатацијата дека се работи за организирана хајка на социјалните мрежи се заснова на анализите на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој ги препознава профилите, динамиката и вокабуларот со кој се коментира истовремено на повеќе места на социјалните мрежи, а секако поддржани и мултиплицираат дел од медиумите во земјава.

И во текот на вчерашниот, 11-ти ден од изборната кампања (7 октомври), главна мета на црната кампања на социјалните мрежи и во дел од медиумите се високите претставници на СДСМ.

ГОВОР НА ОМРАЗА И ЗАКАНИ: ГРЧЕВА ЌЕ ДИГА НА КЛОЦИ И ЌЕ АПСИ

Мониторингот на ЦИВИЛ го бележи случајот на говор на омраза и закани со насилство на социјалната мрежа Твитер од поранешната пратеничка Солза Грчева која упати говор на омраза и закани со насилство кон министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Мила ќе казнува ако во книжарници има учебници. Да не се разбудив во државата на Орвел или во Наци Германија? Овие треба на клоци да се дигнат. Ми се гади, се срамам, ги презирам… и ќе ги апсам да даде Господ!“, напиша Грчева на Твитер.

Говор на омраза и закани со насилство од поранешната пратеничка Солза Грчева, 7 окт. 2021

Освен говор на омразата и закани со насилство, оваа објава на поранешната пратеничка Грчева содржи и дезинформација, односно манипулација со фактите во делот во кој тврди дека МОН „ќе казнува ако во книжарници има учебници“. Се работи за манипулација со претходна изјава на министерката Царовска за важноста на дигиталните учебници.

ГОВОР НА ОМРАЗА: СЛУЧАЈ ЛАТАС

Пристигна и анализата на нашиот соработник, аналитичарот Жарко Трајаноски, под наслов „Латас продолжува неказнето да поттикнува омраза кон „соросоидите“ објавена денеска на Цивилмедиа.мк.

„Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, бевме сведоци како ваквиот неказнет говор, кој поттикнуваше омраза кон „соросоидите“, предизвикуваше загрозување на сигурноста на бранителите на човековите права и на новинарите што беа стигматизирани како „соросоиди“. Дали државните институции повторно ќе молчат како порано и нема да го санкционираат говорот кој поттикнува омраза кон „соросоидите“ на Драган Павловиќ – Латас, кој е продолжение на деценискиот говор на омраза кон бранители на човекови права, новинари и медиуми кои се стигматизираа како „соросоид(н)и“?“ – пишува во заклучокот на анализата.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЦИВИЛ

ЦИВИЛ денеска поднесе документација за добивање акредитација за изборно набљудување од Државната изборна комисија. Организацијата ќе го набљудува изборниот ден со нешто повеќе од 300 мобилни набљудувачи.

Обуката за краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ ќе се одржи во текот на викендот (9 и 10 октомври) од 10 до 17 часот. Дополнителни термини за обука ќе бидат обезбедени во текот на претстојната недела.

Викенд изданијата на „Изборен рапорт“ (9 и 10 октомври) ќе бидат објавени во текстуален формат.

Џабир Дерала, во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ
Камера: Атанас Петровски
Реализација: Ариан Мехмети


ИЗБОРЕН РАПОРТ #12 се емитуваше во живо, во 11:15 (8 окт. 2021) на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Преземањето на оваа содржина е дозволено и добредојдено. Ги молиме редакциите да го наведат изворот и линкот до оригиналот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ