Поранешната пратеничка Солза Грчева, на социјалната мрежа Твитер, повикува на насилство кон министерката за образование и наука Мила Царовска.
„Мила ќе казнува ако во книжарници има учебници. Да не се разбудив во државата на Орвел или во Наци Германија?Овие треба на клоци да се дигнат. Ми се гади, се срамам, ги презирам… и ќе ги апсам да даде Господ!“, напиша Грчева на Твитер.