• Latest
Џабир Дерала, прес студио на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

ИЗБОРЕН РАПОРТ #28: Изборен молк, црна пропаганда, важни пораки од ЦИВИЛ до јавноста, политичките партии и набљудувачите

October 29, 2021

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #28: Изборен молк, црна пропаганда, важни пораки од ЦИВИЛ до јавноста, политичките партии и набљудувачите

October 29, 2021 21:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Џабир Дерала, прес студио на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, прес студио на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

На пат кон прес студиото на ЦИВИЛ, прочитав една кратка анализа на истражувачкиот тим на ЦИВИЛ МЕДИА на тема Данела Арсовска во која се разоткриваат повеќе интересни детали поврзани со предизборниот настап на оваа кандидатка.

Кога сме веќе тука, вредно е да се спомене дека во Мониторинг тимот на ЦИВИЛ нотира дека оваа кандидатка, како и неколку други, во изминатиот период одбија јавно соочување со своите противкандидати. Тоа фрла сенка на демократскиот капацитет на дел од политичките субјекти во овој изборен процес. Арсовска одби да се појави дури и на интервју на стандардизирани три прашања на кои одговори кандидатот и актуелен градоначалник, Шилегов. Прашањата се однесуваа на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот.

Сепак, најголем дел од кандидатките и кандидатите на локалните избори позитивно одговорија на поканите на ЦИВИЛ, за што редакцијата и организацијата ја упатуваат својата благодарност.

Изборниот молк настапува на полноќ меѓу 29 и 30 октомври

Вечерва, на полноќ, меѓу петок и сабота, односно меѓу 29 и 30 октомври, настапува изборниот молк.

Молкот трае до 19 часот, на денот кога се гласа (недела). Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, поткуп на гласачи, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети.

Што е изборен молк?

За време на изборниот молк се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување.

Според Изборниот законик, член 76-Б, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на какви било информации, фотографии, аудио и визуелни материјали поврзани со сите што учествуваат во изборите.

Понатаму, кршење на изборниот молк се и сите облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите

Не е дозволено изнесување податоци со кои се открива идентитетот на политичките субјекти или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Медиумите треба да бидат информирани за тоа што е изборен молк

Медиумите кои упаднаа во изборни штабови на 16 и 17 октомври, со обвинувања дека го кршат изборниот молк, всушност, самите го прекршија изборниот молк, според член 76-Б, став 3, со откривање на идентитетот на политичките субјекти или на поединци.

Иако за тоа не беа опоменати, ниту беа земени на одговорност, ЦИВИЛ го повторува повикот до сите политички, медиумски и граѓански субјекти да се воздржуваат од кршење на изборниот молк на било кој начин, почнувајќи од полноќ.

Насилство во кампањата

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи повеќе насилни инциденти во текот на изборната кампања. Со оглед на заострената предизборна атмосфера во пресрет на вториот круг и зачестените обиди да се „испеглаат“ разликите и со тупаници, ги повикуваме сите политички партии да упатат повици до своите членови и симпатизери да се воздржуваат од насилство, закани и говор на омразата.

Црната пропаганда го одбележа и овој изборен процес

Црната пропаганда, за жал, го одбележа и овој изборен процес. Со несмалена жестина, политичките опоненти се третираат меѓусебно како смртни непријатели.

Иако се чини дека е залудно, ЦИВИЛ, сепак, смета дека е потребно да се упати уште еден гласен повик до сите политички субјекти и нивните поддржувачи да се воздржат од говорот на омразата и дезинформациите.

Една работа е да се разобличат лагите на политичкиот опонент, може да се каже дека тоа е и во интерес на јавноста, но нешто сосема друго е да се пласираат навреди и говор на омразата во медиумите и на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се бележат очигледно добро организирани напади со говор на омраза и повици за насилство против политичките противници, закани со убиства, колење, затвори и други грозни изрази. во дел од тие напади се вклучуваат дури и самите учесници во изборната трка, иако најголем дел од валканата работа ја вршат анонимни профили или членови и симпатизери на одредени политички субјекти.

Неретко, мета на омразата и заканите е и ЦИВИЛ и луѓето кои јавно ги соопштуваат своите ставови, анализи или извештаи од работата на организацијата.

Нулта толеранција за изборните нерегуларности

Како и секогаш, ЦИВИЛ најавува дека го следи принципот: НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ИЗБОРНИТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ!

Секој и најмал облик на нерегуларност и непочитување на законите и процедурите, претставува повреда на правото на глас и го урива дигнитетот на изборниот процес. Затоа, сите учесници во изборниот процес се повикани максимално да ги почитуваат демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и демократски избори.

Граѓанките и граѓаните на Северна Македонија очекуваат слободни, демократски и безбедни избори и мирен постизборен период!

Пријавување нерегуларности во ЦИВИЛ

ЦИВИЛ јавно ја изразува својата благодарност за беспрекорната и посветена работа на сите набљудувачи кои се вклучени во изборниот мониторинг. Уште еднаш, голема благодарност и за големиот број пораки од граѓанките и граѓаните од целата земја, со што ја искажуваат својата доверба и поддршка на организацијата.

Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.

Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.

Исто така, може да се пријавуваат нерегуларности по електронска пошта (monitoring.civil@gmai.com), во порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на телефоните: 02 / 5209 176 (в недела, од 7 наутро) и 070 699 580 (сабота, 30 октомври, од 12:30 часот напладне).

Порака до избирачките одбори: Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни

ЦИВИЛ во својот мониторинг, од обработените извештаи, бележи дури 76 случаи со повеќе од 200 избирачки места низ целата земја во кои избирачките одбори, а во неколку случаи и партиски набљудувачи – грубо попречување на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ.

Сите членови на избирачките одбори мора да ги почитуваат интегритетот и работата на набљудувачите и под никакви услови да не ги попречуваат во нивната работа. Ние сме тука да помогнеме, не сме непријатели!

ЦИВИЛ ги информира членовите на избирачките одбори да имаат предвид дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни. Тие се задржуваат релативно кратко во избирачките места и можат да се вратат онолку пати колку што е тоа потребно и договорено со координативниот тим на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ до гласачите: Гласајте слободно, никому не должите ништо

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување. Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Набљудувачи на ЦИВИЛ

Вториот круг на гласањето ќе го набљудуваат 284 акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ, како и првиот круг. Во текот на гласањето, ЦИВИЛ ќе одржи повеќе прес конференции, во 10, 12, 16 и 19:01 часот, како и еден или повеќе вонредни термини.

Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе имаат уште еден онлајн координативен состанок в сабота, на 30 октомври, во 13 часот. По тој состанок, следи и дополнителна обука на новите членови на центарот за комуникации и координација на ЦИВИЛ кој работи во единство со аналитичкиот и прес центарот на организацијата.

Џабир Дерала во соработка со Мониторинг тим на ЦИВИЛ
Камера: Атанас Петровски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ