Во Албанија вчера се одржаа парламентарните избори, а утрово Централната изборна комисија излезе со последните резултати од пребројувањето на гласовите.
До 8:00 часот наутро, преброени се 1.495 избирачки места низ цела Албанија.
Со досега преброените гласови, Социјалистичката партија на Еди Рама води убедливо со 52,87%, јавуваат албанските медиуми.
Следна на ред е Демократската партија на Сали Бериша со 34,25%.
Третата Социјалдемократска партија со 3,72%.
Четврта е Коалицијата „Иницијатива за Албанија“ со 3,46%.
Можност за петта партија со 2,63%.