• Latest

Избори и пандемија – граѓаните на потег

June 18, 2020

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Избори и пандемија – граѓаните на потег

June 18, 2020 22:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред сè заштита на здравјето на граѓаните на овие предвремени парламентарни избори, посакуваат учесниците на изборите, политичките партии, Владата, институциите инволвирани во изборниот процес, од што реципрочно можеби ќе зависи и во каков дух ќе бидат прифатени и оние што беа за и оние што беа против избори во време на пандемија со корона вирусот. Новата реалност со која се соочуваме, особено со зголемување на бројките позитивни граѓани на Ковид-19 укажува колку се потребни овие парламентарни избори за функционалност на институциите.

Се разбира, наспроти сè очекувањата се да има фер, демократски и кредибилни избори, сон на секој изборен процес, во кој ни овој пат нема да изостанат, ако ништо повеќе, проблеми од техничка и административна природа при спроведување на изборите. Сосема очекувано.

Како предупредување служат, според стандардите на македонската политичка и изборна култура, засиленото ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омраза.

На изборите на 15 јули ќе настапат 15 политички партии и коалиции со 1.598 кандидати. Од нив 120 ќе бидат народни избраници. Останува само гласачите мудро да одберат за кого ќе гласаат.

Кодексот за фер и демократски избори денеска се потпиша, па останува, како и секогаш да се види колку и кандидатите и политичките партии доследно ќе се придржуваат до него.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, најави дека во наредните денови ќе бидат изготвени и здравствените протоколи по што ДИК ќе изготви упатства за гласање. Оваа мерка е повеќе од потребна со оглед дека една од обврските согласно Кодексот е учесниците во изборите максимално да ги почитуваат.

Во наредните денови ДИК ќе излезе на терен за проверка и наоѓање решение за оние гласачки места што не ги задоволуваат здравствените протоколи за спречување на пандемијата со корона вироусот. Солидна бројка гласачки места, според неофицијални информации во прашање се околу 700 гласачки места. Можеби се повеќе, можеби помалку, колку и да се, е голем проблем во ситација во која сега се наоќаме и треба да се реши.

Уште една важна информација од ДИК: опрема за лајв стриминг за следење на седниците на Комисијата и платформа преку која новинарите ќе можат да поставуваат прашања.

Од СДСМ, пак, повторно истакнаа дека нема да организираат големи настани и митинзи, туку ќе се фокусираат на кампања која ќе биде безбедна по здравјето на граѓаните. Онлајн кампања, димензионирање на активностите на кандидатите, социјални медиуми, традиционални медиуми, рекламни паноа и билборди… за помали собири доправа ќе видиме од сите учесници како и дали ќе ги организираат.

Денешниот ден во изборен контекст ги исфрли дилемите за користење на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање. Движењето Беса поднесе тужба до АВМУ, токму по оваа прашање. Имено тие велат дека АВМУ времето предвидено за партиите на власт го поделила 50%-50% меѓу коалицијата МОЖЕМЕ, предводена од СДСМ, и ДУИ. Просторот за опозициските партии е поделен, пак, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”, која ја предводи токму ВМРО-ДПМНЕ. Според ова излегува дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција ќе можат да го користат целиот простор предвиден за опозициските партии, а оваа коалиција ќе има исто време колку што СДСМ и ДУИ заедно.

По оваа логика останува прашањето по чиј ум да се водат медиумите. Ако ја почитуват одлуката на ДИК и ја рекламираат Беса како второ рангирана опозициска партија, можат да добијат казна од АВМУ, а доколку ја почитуват одлуката на АВМУ можат да останат без парите кои ги доделува ДИК. Финалната одлука на ДИК е за медиумска кампања се доделуваат државни пари на СДСМ и ДУИ како две прворангирани партии на власт и ВМРО-ДПМНЕ и Беса како две партии во опозиција.

По кој ум и да тргнат, на крај медиумите виновни ќе бидат. Па, останува отворено прашањето како ќе се реши проблемот и кој прв ќе попушти во интерес и на медиумите и на граѓаните што треба да бидат информани.

Изборните рокови си течат, пандемијата уште поприсутна, граѓаните на два ума… но, за мрднување од мртва точка потребно е да се гласа. Граѓанки и граѓани вие/ние сме на потег.

Б. Јордановска

 

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ