• Latest

Изборна единица 1: Истите проблеми со Избирачкиот список, изборната администрација, набљудувачите…

July 24, 2020
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборна единица 1: Истите проблеми со Избирачкиот список, изборната администрација, набљудувачите…

Продолжува серијата прелиминарни извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ по изборни единици.

July 24, 2020 12:16
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изборна единица 1 ги опфаќа општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Сарај, Студеничани, Кондово, Сопиште, Македонски Брод, Самоков. Бројот на гласачи регистрирани во Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори 2020 година е 279.593.

Според неофицијалните конечни резултати, објавени од Државната изборна комисија во Изборната единица 1, Коалиција „Можеме“ освои 8 мандати, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 7, ДУИ 2, Алијанса за Албанците и Алтернатива 2 и Левица 1. Во ИЕ 1, Коалиција Можеме доби 54.618 гласови, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 50.564,  ДУИ 19.488, Алијанса за Албанците и Алтернатива 14.337, Левица 12.000 гласови.

Како и во ИЕ 2 и ИЕ 3, и во извештајот за ИЕ 1 се бележат, повеќе или помалку, истите нерегуларности. Се разбира, во тек е верификација и анализа на останатиот дел од пристигнатите извештаи и пријави, кои ќе бидат презентирани пред јавноста во најскоро можно време. Во обработените извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ што набљудуваа во ИЕ 1 одобрени се 69, во кои се бележи по една или повеќе нерегуларности во различни категории. Според класификацијата на настани, забележани се проблеми во следните категории:

  • Проблеми со Избирачкиот список
  • Нарушување на тајноста на гласањето
  • Незаконито однесување на набљудувачи
  • Незаконито работење на органите на Државна изборна комисија
  • Незаконито однесување на гласачите/граѓаните и на набљудувачите
  • Закани и притисоци
  • Кршење на протоколите за заштита од коронавирусот.

Избирачки список

Во избирачко место 2593/1 Угостителско училиште „Пане Тасев“, општина Карпош, гласачот М. Н. со нова лична карта издадена на 25.06.2020 го нема на Избирачки список

Во избирачко место 2661 ОУ „Владо Тасевски“, Карпош, гласачот Е. М., со нова лична карта го нема на Избирачки список.

Во избирачко место 2809, ОУ „Кирил Глигоров“, Центар, кога гласачот влегол не го идентификувале веднаш му дале гласачко ливче и го прснале со спреј за потоа да кажат дека го нема на Избирачкиот список, зошто најверојатно е дислоциран на друго гласачко место заради заштита од корона вирусот, односно заради присупособување на местата за гласање според протоколите. Гласачот контактирал со некој член од ОИК кој потоа кажал дека веќе ќе нема право да го оствари своето право на глас и дека е тој е крив заради целокупната ситуација.

Во избирачко место 2735, О.У. „Гоце Делчев“,  Аеродром, гласач која со години гласа и е препознат од дел од членовите на избирачкиот одбор не е пронајден во Избирачкиот список, дури ни по проверка во систем по ЕМБГ.

Во избирачко место 2628, ООУ „Вера Циривири –Трена“, Карпош, нотиран случај каде поради нова лична карта гласачот го немало евидентирано во Избирачкиот список и не гласал. Упатен во ОИК да поднесе приговор.

Во 2605 ОУ „Јан Амос Коменски“, Карпош, тројца гласачи кои се водат по лична карта во Карпош, не биле пронајдени таму, туку во општина Центар и таму гласале. Сопружници од општина Карпош по лична карта, не успеале да ги најдат во Избирачкиот список и тие не успеле да го остварат своето право на глас.

Изборна администрација

Во избирачко место 2718, ОУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром, претседателката на ИО ја протресе кутијата со гласачки ливчиња за да направи место за нови гласачи ливчиња и при тоа член на ИО изјави „Извади го Заев“.

Во избирачко место 2808, Завод за рехабилитација, Центар, нотирани 6 случаи каде член на избирачки одбор што ги проверува гласачите со УВ ламба им ја зема и личната карта и на глас ги чита имињата на гласачите.

Во избирачко место 2690, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, лица со акредитации од ДИК постојано носеле лица да гласаат до избирачкото место.

Во 2684/1 ОУ „Блаже Конески“, Аеродром, член од избирачкиот одбор го прашал набљудувачот на ЦИВИЛ дали е партиски определен и дали гласал.

Во 2704, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, влегува претседател на избирачки одбор да гласа, без да го проверат во УВ ламба, а во меѓувреме во секое избирачко место во училиштето ги барал набљудувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во избирачко место 2786, ОУ „Кузман Шапкарев“, Кисела Вода, претседателот и членовите на избирачки одбор се однесувале непрофесионално кон гласачите со коментари  „имаме муштерии“ „ние на комшии не им бараме да симнат маски“.

Во 2791, С.У. „Браќа Миладиновци“, Кисела Вода, член на избирачкиот одбор се однесувал крајно непрофесионално, на набљудувачот од ВМРО-ДПМНЕ му велел дека ќе изгубат, 80 одсто од гласовите биле за неговата партија. Понатаму кажувал вицеви, а не останал должен со коментари и кон другите набљудувачи.

Во истото избирчако место претседателката на избирачкиот одбор, пак, му сугерирала на гласач да заокружи број 1. Потоа се обратила кона набљудувачот на ЦИВИЛ: Не запишувај што правиме, се знаеме ние, само се шегуваме.

Во 2781 ООУ „Рајко Жинзифов“ Кисела Вода, избирачкиот одбор направил пропуст со гласач кој бил во инвалидска количка. Пултот за лица со попреченост не бил поставен, пробале да го наместат од кога влегол гласачот, па на крај му дале да гласа на клупа во гласачкото место.

Во избирачко место 2805, ООУ „Киро Глигоров“, Центар, член на избирачкиот одбор, при гласањето гласно коментирал “чекај, да не направам утка, 14-ка беше, така?”

Во 2614/1 ОУ „Братство“, Карпош, претседателката на ова гласачко место се однесувала дрско и безобразно при посетата на набљудувач на ЦИВИЛ, па на крај нашла забелешка во овластувањето на ЦИВИЛ дадено до набљудувачот дека недостигал некаков број. Таа била правник и како што му рекла на набљудувачот, знаела повеќе од ЦИВИЛ. Набљудувачот предложил да се јават во ЦИВИЛ, за проверка, но таа се повлекла и подоцна констатирала дека сè било во ред.

Во 2595, ОУ „Владо Тасевски’, Карпош, се читале на глас податоците на гласачите при пристапување и при заминување од гласачкото место.

Во избирачко место 2813, ООУ „Димитар Миладинов“, Центар, при броењето на гласачките ливчиња дошло до жестока вербална расправија помеѓу партиските членови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Многу малку недостасувало да прерасне во физичка пресметка, останатите членови на избирачкиот одбор ги смирувале. Се употребувале фрази од типот „не ми се курчи“, „глеј си работа“, „како те воспитале дома така“, „немој уште еднаш да си го спомнал татко ми, починат е“ итн. Жестоката расправа била заради 3 до 4 ливчиња на кои  биле заокружени симболот или името на една политичка партија.

Во 2456, село Долно Свиларе, Сарај, лице со количка да гласа, меѓутоа училиштето нема пристап за лица со попреченост. Гласачот инсистирал да му обезбедат услови да гласа во објектот или да му се даде гласачко ливче и да гласа надвор од објектот. Избирачкиот одбор одлучил да не му дозволи на граѓанинот да гласа.

Во 2743, ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, член на избирачки одбор коментирал дека Избирачкиот список не бил прочистен и дека забележал дека 15/20 лица починати, а ги имало во Избирачкиот список.

Набљудувачи

Во избирачко место 2442, ОУ „Емин Дураку“, Сарај, набљудувач од ВМРО-ДПМНЕ немал маска и членовите на избирачкиот одбор го молеле да стави маска, тој ги игнорирал. Кога влегол набљудувачот на ЦИВИЛ го замолиле да го пријави ова затоа што се плашеле дека можеби е позитивен.

Во 2704, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, партиски набљудувач седел веднаш до параванот и во позиција од каде гледал кој број гласачите го заокружуваат.

Во село Расче, Сарај, набљудувачот на ЦИВИЛ нотирал како се закануваат по телефон членови на ДУИ за да се гласа за нив.

Во избирачкото место 2673, ОУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром, Партиски набљудувач од Левица не носел акредитација од ДИК, рекол дека од партија му кажале дека треба да му дадат на избирачкото место, а избирачкиот одбор рекол дека немало потреба да носи акредитација од ДИК.

Во избирачко место 2341, село Студеничани, Сарај, партиски набљудувач од друго избирачко место влегува во просторијата на ова избирачко место неколку пати. Бил  опоменат од претседателката на избирачкиот одбор. По кратка расправија ја напуштил просторијата.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ