• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изборна единица 5: Неколку случаи на грубо кршење на правото на глас и други нерегуларности

August 8, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборна единица 5: Неколку случаи на грубо кршење на правото на глас и други нерегуларности

August 8, 2020 17:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Изборна единица 5 ги опфаќа општините Долнени, Крушево, Кривогаштани, Пласница, Демир Хисар, Битола, Ресен, Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Кичево (80 гласачки места), Центар Жупа и Маврово и Ростуша. Во оваа изборна единица гласале 158,810 или 50,50 % од вкупниот број на гласачи.

Според официјалните конечни резултати, објавени од Државната изборна комисија во Изборната единица 5 Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освои 8 мандати, Коалиција „Можеме“ 8, ДУИ 3 и Алијанса за Албанците и Алтернатива освои 1 мандат. Во ИЕ 5, Коалиција Можеме доби 56.622 гласови, Коалиција ВМРО-ДПМНЕ 55.159,  ДУИ 21.745 и Алијанса за Албанците и Алтернатива 10.716 гласови.

Во обработените податоци што ги доставија набљудувачите на ЦИВИЛ од теренот, од ИЕ 5 одобрени се 18 извештаи нерегуларности во повеќе категории. Според класификацијата на настани, забележани се проблеми во категоријата Незаконито работење на органите на Државна изборна комисија, како и Незаконито однесување на гласачите/граѓаните и на набљудувачите, како и неколку случаи на непочитување на протоколите за заштита од корона вирусот.

Во избирачкото место (ИМ) 0470, Основно училиште во село Требиште, Маврово и Ростуша, на гласач не му е дозволено да гласа, поради истечена лична карта. Гласачот реагирал дека треба да му се дозволи да гласа со оглед дека сега му е истечена личната карта, а со оглед на продолжувањето на важноста на личните исправи поради коронавирусот, тој барал да го оствари своето право на глас. Сепак, не му било дозволено да го оствари своето гласачко право.

ИМ 0554/1 ООУ „Пенестија“ Дебар, не било соодветно за гласање. Уште при влегување во ИМ се гледало кој за кого гласа, па така оние што чекале ред да гласаат, имале можност да видат за кого гласа тој што е пред нив.

Во ИМ 1267, 1256, 1255/1 во Охрид, се појавиле повеќе случаи на гласачи што не гласале затоа што и покрај важечки лични карти, ги немало на Избирачкиот список.

Во ИМ 1254, Градски пазар, Охрид, гласач пријавен за гласање на 13 јули, како лице позитивно на Ковид-19, не гласало. Избирачкиот одбор на денот на гласање не го пронашло дома, односно на пријавената адреса.

ИМ 1255, сместено во УВР Противпожарна единица, Охрид, не било пристапно за лица со попреченост. Еден гласач бил однесен на раце до избирачкото место, за да може да го оствари правото на глас.

Грубо кршење на правото на глас предизвикала и непристапноста и на ИМ 0931/1, Месна заедница Димитар Влахов, Битола, каде што гласач во инвалидска количка не можел да гласа затоа што избирачкото место е на прв кат, а нема пристапна рампа. Случајот бил пријавен во ОИК, од каде што добил информација дека може да поднесе приговор. Гласачот не го остварил своето гласачко право.

ИМ 1643 и 1642 сместени во простории на територијална противпожарна единица во Ресен се несоодветни за гласање и тоа со години, вклучувајќи ја и оваа година со неисполнување на условите предвидени со протоколи од Ковид-19. Набљудувачот на ЦИВИЛ разговарал со претседателот на ОИК зошто не е направена промена, при што добил одговор дека ДИК не дозволувала, иако за секои избори се барало дислокација на гласачкото место.

Во ИМ 0469 сместено во Основно училиште во село Ростуша, гласач кој пристигнал на избирачкото место за да го оствари своето право на глас, бил запрашан од избирачкиот одбор дали е точна информацијата дека претходно бил во карантин поради сомневање дека бил позитивен на коронавирус. Гласачот почнал агресивено да се однесува со покачен тон се обратил кон избирачкиот одбор велејќи дека и тој имал одредени информации кој од избирачкиот одбор, исто така, во минатиот период бил позитивен на Ковид-19 и бил во домашна изолација.

Мониторингот на ЦИВИЛ ги опфаќа и категориите лажни вести, дезинформации и говор на омраза, а се набљудува и политичкото финансирање од повеќе аспекти.

ЦИВИЛ ги објавува извештаите од изборниот мониторинг од различни аспекти, а во текот на месец август ќе биде објавен целосен и детален извештај од мониторингот на изборниот процес, како и анализи и препораки, што се дел од практиката на организацијата по секој изборен процес. ЦИВИЛ спроведува и постизборен мониторинг, од кој произлегуваат извештаи и анализи што се објавуваат на медиумската платформа на организацијата.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ