• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изборна кампања: Стабилен пензиски фонд, пратеници волонтери, распределба на Буџетот…

June 30, 2020
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборна кампања: Стабилен пензиски фонд, пратеници волонтери, распределба на Буџетот…

June 30, 2020 14:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter
Оливер Спасовски денеска заедно со кандидатката за пратеничката Лидија Тасевска ја посети кумановската компанија Бучен Козјак, што произведува млечни производи.

„Континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се истакнуваат и за кое се наградени, како со многубројни признанија од релевантни институции, така и со довербата од граѓаните“, изјави Спасовски.
Мила Царовска по средбата со здуженијата на пензионери, изјави дека успеале да поместат три парчиња од мозаикот кои се однесуваат на подобрување и на животниот стандард на пензионерите, развој на посебни услуги кои ќе ги поддржуваат, но и да го стабилизраат пензискиот систем кој е значаен и за сегашните и за идните пензионери.
„Покрај тоа, успеавме и да ја покачиме просечната пензија“, рече Царовска.

Таа потенцира дека Владата работела две години на тоа да заштеди 3,7 милијарди денари во Пензискиот фонд, со што, како што рече, обезбедила стабилни пензии и за сегашните пензионери, но и стабилен Пензиски фонд за идните генерации.

Мендух Тачи на вчерашната средба со жителите на Општина Брвеница, изјави дека ДПА во власта ќе се применува консензуална демократија, а тој како вицепремиер со право на вето ќе обезбеди еднаква и пропорционална распределба на буџетот.

„Епидемија создаде тешкоти. Добро е што повеќето од заразените оздравуваат, но лошо е што тоа остава последици. Со доаѓањето на ДПА на власт, јас како вицепремиер ќе се залагам државниот буџет да биде ориентиран кон зајакнување на здравствениот систем во албанските населени места. Ова ќе биде приоритет од првиот ден“, рече Тачи.

„Денес ќе презентирам дел од преодната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за справување со здравствено-економската криза, кој се однесува на мерки поврзани со консолидирање на јавните финансии и финансиско консолидирање на земјата, како и мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за граѓаните кои на некој начин се погодени од кризата“, изјави Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во изминатите неколку месеци бевме сведоци на низок капацитет на Владата во менаџирањето со јавните финанасии за што говори податокот дека во првите 5 месеци од годината имаме буџетски дефицит од 307 милиони евра, од кој само во мај буџетскиот дефицит изнесува 110 милиони евра. Според проекциите на МФ годинава ќе ја завршиме со буџетски дефицит од 750 милиони евра што ќе го приближи јавниот долг на Република Македонија до 60% од БДП на земјата. Она што е позагрижувачки е тоа што најголем дел од овие трошења се за непродуктивни цели, а многу помалку за справување со кризата“, додаде тој.

Пратеници – волонтери – е предлог на Македонски концепт со кој пратениците ќе бидат волонтери во служба на граѓаните. Ова е закон со кој пратениците ќе работат на волонтерска основа, и затоа нема да бидат платени од собрание, нема да патуваат и да користат патни трошоци, нема да користат трошоци за живеалиште. Овој закон е и еден од условите за Македонски концепт да придонесе и да се вклучи во формирање влада.

„Години наназад слушаме за енормни суми за патни трошоци што ги побаруваат пратениците, слушаме за афери дека пратениците од другите градови имаат сопствени станови во Скопје, кои ги изнајмуваат, а државата на нив им плаќа за престој. Слушаме баснословни суми потрошени во собраниската кафетерија, за плати на пратениците а за возврат што добиваме. Добиваме закони за кои граѓаните не го дале својот глас. Добиваме пратеници кои дејствуваат соодветно партиските цели, Влада и Парламент што се производ на пазарења и договарања. Многу празни ветувања се изнаслушавме во изминативе 20 години, многу поделби, многу разочарувања за граѓаните и фрустрации, зошто некој да троши толку државни пари, пари што граѓаните ги даваат а не работи во корист на истите тие граѓани. Време е за Закон за пратеници волонтери”, рече на Жарко Бошкоски, носител на листата од Изборна единица 4.

Според нив, пратениците – волонтери, ќе си ја продолжат својата професионална кариера според нивната примарна вокација и ќе останат во своите живеалишта, а законите ќе се донесуваат само еден ден во неделата.

„Пратениците волонтери ќе бидат овозможени да користат слободни денови од работните места, кога заседава Собранието. За тие денови ќе им биде обезбеден и организиран превоз или автобуска карта, без никаков надоместок. Исто ќе биде обезбедена бесплатна храна во собранискиот ресторан. За пратениците кои работат во приватен сектор, државата ќе им надомести дневници на сопствениците на компаниите, кои имаат чест да вработуваат републички пратеник, само за оние денови кога истите се отсутни од работа, поради службени потреби. Оние кои работат во јавен сектор, ќе користат само слободни денови, за кои ќе примаат редовна плата“, изјави Бошкоски.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ