• Latest

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

February 8, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

February 8, 2023 18:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија денеска ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, која ќе се искористи исклучиво за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава, информира Министерството за финансии.

По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, и за која само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра.

-Поради доспеаните обврски, деветтата еврообврзница е издадена и покрај затегнатите услови на меѓународните пазари на капитал, за што сведочи и повеќекратното зголемување на референтните каматни стапки од големите централни банки, посочуваат од Министерството за финансии.

Купонската каматна стапка од 6,25 проценти на годишно ниво, која денеска е постигната, укажуваат од МФ,  е пониска од пазарните каматни стапки на веќе издадените еврообврзници, со кои во моментов се тргува на меѓународните берзи. Таа е многу пониска и од каматните стапки, кои преовладуваа во последните месеци од овој период на енергетска криза, која сѐ уште трае, и кои се движеа над 8 проценти.

Финансирањето на буџетскиот дефицит за годинава е обезбедено под уште поповолни услови преку Макро-финансиската помош на Европската комисија, Линијата за претпазливост и ликвидност на ММФ и други меѓународни институции, како Светската банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

-Пристапот е, во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што интенцијата е да се оди со пократок период на отплата (наместо, вообичаениот од седум години), за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања, информира МФ.

Побарувачката за деветтата еврообврзница, како што дополнуваат, беше 2,5 пати поголема во однос на понудената сума, што ја потврдува довербата на инвеститорите во нашата економија и економски политики. Каматата на издадената еврообврзница е на исто ниво со каматата на еврообврзниците со слична рочност од држави-членки на Унијата (како Унгарија и Романија) и кандидати за членство во ЕУ (Србија), кои ги издадоа од почетокот на годинава. Иако овие земји имаат подобар кредитен рејтинг, постигнатата купонска каматна стапка е на приближно исто ниво со онаа на деветтата еврообврзница.

-Ова е потврда на здравите фундаменти и макроекономски политики кои ги спроведува Владата, како што беше наведено и од страна на ММФ при одобрувањето и прегледот на Линијата за претпазливост и ликвидност, а потврдено и преку макро-финансиската помош од Европската комисија, отворањето на скрининг процесот за почнување преговори за членство во ЕУ, како и посилната (од планираната) фискална консолидација и помалиот јавен долг во текот на 2022 година и во петгодишните проекции. Нашата заложба како Влада за внимателно управување со јавните финансии е преточена во современа законска регулатива, со носењето на новиот реформски Закон за буџети, со кои се поставуваат фискални правила, односно лимити за долгот и буџетскиот дефицит и Фискален совет како независно тело, кое ќе го надгледува неговото извршување, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Tags: 600 милиони евраМинистерство за финансииобврзница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ