„Во март не им била исплатена плата на 54.662 работника, а во февруари на 9.947 работници… Имајќи во предвид дека се очекува реализација на оваа мерка за финансиска поддршка од петтиот сет антикризни мерки, се уште немаме започнато како даночен орган да спроведуваме присилна наплата по неплатените МПИ за месец февруари 2021 и немаме спроведено опоменување за неплатените МПИ за месец март 2021“, изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
„Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно, наредната учебна година само во четврто одделение, сите останати одделенија продолжуваат како досега. Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците“, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.
„Фирмите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра. Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработените или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција наменета за финансиска поддршка од државата за исплата на плати.