„На овој историски самит доаѓаме како делегација на 30-та земја членка која што не чекаше што Алијансата ќе направи за неа, туку сакаше да покаже дека знае и да придонесе. И на Криволак, и во Скопје, и на Балканот и тука во Брисел ја испраќаме пораката дека заедно сме посилни, дека и како мала земја покажавме дека може да вложуваме во регионалната и евроатлантската безбедност и дека решавајќи ги политичките проблеми и вложувајќи во својата и нашата заедничка безбедност можеме да придонесеме како сојузник, еднаков со останатите“, рече Шекеринска во изјава пред почетокот на Самитот.
Маричиќ: Со онлајн судењето ќе имаме побрзи постапки, а ќе заштедат и граѓаните
„Дигитализацијата за жал во некои сегменти од општеството наидува на отпор, но отпор кон модернизацијата не треба да има“, вели Маричиќ, според кого на овој начин ќе се намалат и трошоците за граѓаните. За оваа намена министерот сподели дека наскоро ќе се дигитализираат двесте судници, а ќе следуваат и измени во законските решенија.
„Сите ние лидерите на НАТО и на земјите-членки сме согласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици. Трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации безбедни. Сега имаме историска можност да ја зајакнеме врската меѓу Европа и Северна Америка и да го подготвиме НАТО за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на нашата Алијанса е во срцето на Самитот“, наведува Заев.