„Ако постои таква можност, иако е тоа предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива, ние немаме проблем, бидејќи го усогласивме заедно, да го пуштиме истото законско решение со европско знаменце. Но, во моментов се прават проверки, консултации со стручните служби. Со законодавство со СЕП, за да се види дали таму има точно прецизно јасно дефинирани европски директиви или регулативи“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
„Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони“, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.