Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) организира дебата, во рамки на серијата „ЏЕФ дебати”, на тема „Излез од криза, влез во ЕУ, една година подоцна“. Дебатата ќе се одржи на денеска во ГЕМ Клуб Скопје, со почеток во 18 часот.
Целта на оваа панел-дискусија е да покрене дебата за напредокот на Република Македонија на патот кон Европската Унија, со осврт на владините реформи и спорот помеѓу Република Македонија и Република Грција околу уставното име на државата.
Се очекува говорници на дебата да бидат Бујар Османи, заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања (TBC), Јован Деспотовски, претставник на СДСМ, Тимчо Муцунски, претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Блажен Малески, претседател на Национален младински совет на Македониј и Васко Попетревски, уредник-водител во ТВ Алсат М (TBC).
На оваа дебата ќе биде прославен и 27 роденден на ЏЕФ Македонија.
Б.Ј.