Република Северна Македнија беше забележана, бидејќи се претстави како лидер во регионот на Западен Балкан која 30 проценти од производството на електрична енергија го добива од обновливи извори.
АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ
Во очи овој викенд, заврши една од најважните сесии на годинашнaва големата Светска изложба „Дубаи Експо 2020“, посветена на Климата и биодиверзитетот, климатските промени, циркуларната економија, зелената агенда, регионите во опасност. Организаторот, оваа тема ја постави како прва и со неа е отворена годинашнава Светска изложба „Експо 2020 Дубаи“. Најмногу се зборуваше за алтернативни извори на енергија и климатските промени и зелена агенда.
Меѓу државите кои спаѓаат во ред на светските економски гиганти беше забележана и Република Северна Македонија (не очекувано), бидејки се претстави како лидер во регионот на Западен Балкан, која 30 проценти од производството на електрична енергија го добива од обновливи извори. Оваа манифестација ќе трае шест месеци, се до март идната година.
Светската изложба „Експо 2020 Дубаи“ којашто наместо во планирана 2020 и 2021 година, беше одложена поради пандемијата со Ковид -19 и се одржува од 1 октомври 2021 до 31 март 2022 година, со порано најавената тема „Поврзување на умовите и создавање на иднината“, се очекува до март идната година да привлече 25 милиони посетители, што е најмногу што една манифестација постигнала во досегашниот историски развој на планетата.
Македонија се претстави на првата тематска конференција посветена на климата, биодиверзитетот, намалувањето на штетни гасови, намалувањето на климатските промени и обновливи извори на енергија. Освен достигнувањата во обновливи извори на енергија, претставени се и можностите за инвестирање, геостратешката привлечност на нашата држава, туризам, културно историското наследство, национални паркови, биолошка разновидност, езерата…
На нејзиното отворање и во првата недела од работата, присустуваше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески.
ПРИВЛЕЧНА ПРИКАЗНА
Република Северна Македонија на „Експо 2020 во Дубаи“ е претставена со својот павиљон на околу 500 квадратни метри, а треба да се напомене дека меѓу 190 земји учеснички, само 80 имаа свои павиљони, меѓу кои и нашата држава.
„Се обидовме да го покажеме најдоброто од Македонија и да привлечеме странски инвеститори. Најголемо внимание привлече нашата географска положба како важна крстосница на патиштата помеѓу исток и запад, стабилна политичка и безбедносна состојба, членство во НАТО и кандидатура за ЕУ, можности за инвестирање во земјоделие и туризам, и погодностите што државата ги нуди за странските инвеститори“ вели Павлески.
„Дури срамежливо ги презентиравме нашите успеси во производството на електрична енергија од обновливи извори и постепена замена на јагленот со чиста технологија. Не знаевме дека сме лидер во регионот според количество на добиена електрична енергија од обновливи извори што беше посебно забележено“, вели Павлески.
Република Северна Македонија се претстави на оваа изложба многу креативно, а говорот на Дејан Павлески привлече внимание бидејќи презентацијата за нашата земја на оваа сесија ја започна со апокалиптичен приказ на она она што се случуваше летово, безмалку на целата планета – огромни, застаршувачки пожари кои проголтаа големи материјални добра и човечки животи.
„Да ја доживеав оваа слика пред 35 години, ќе помислев дека снимките се од пеколот или од некој холивудски филм, а не стварност. За жал сценариото на кое предупредуваше науката пред 35 години дека се случува на планетата, се оставрија. Огромни пожари, урагани, поплави на сите континенти. Се чувствувам неудобно и со грижа на совест што пред вас стојам во ова одело при чие производство се емитуваат 10 проценти од глобална емисија на стакленички гасови, 35 проценти на примарна микропластика се испушта во човековата околина од неговото производство, боење и перење на ткаенината… Но, како што во ова време на пандемија има многу луѓе кои не веруваат во вакцината против корона, прилично е сигурно дека и голем број на луѓето кои не веруваат во климатскте промени. Не сакам да им го спорам тоа право, но наша заедничка обврска е да ја сочуваме планетата за идните поколенија. Според тоа, одговорот на прашањето која е мојата улога во сето тоа, не е тежок, но генерално работата која е пред нас е тешка и наша обврска е да пронајдеме решение, да креираме политика и да делуваме на намалување и елиминирање на сè што е штетно и што ја загадува нашата околина, да пронајдеме најрационални решенија како да управуваме со отпадот. Пандемијата Ковид -19 која уште трае, не го смени само нашиот начин на живот, туку и начинот на размислување. Човештвото стана свесно не само колку сме кршливи, туку и колку е важно да се грижиме едни за други и колку природата е пресудна за нашиот опстанок“.
ТЕКСТИЛЦИТЕ ЌЕ НЕМАТ ОТПАД
„После првиот минатогодишен шок, ЕУ реагираше со нова стратегија која во иднина треба да стане позелена, дигитална и поотпорна. Нашата Влада има план за инвестирање во општествено економските активности за период 2012-2027 година, 9,5 милијарди евра ќе бидат вложени во седум сектори: енергетика, инфраструктура, преработка, мали и средни претпријатија, јавно здравство, управување со отпад и рециклирање на секундарни суровини и туризам“, им објаснуваше Павлески на присутните на Светска изложба Експо 2020 Дубаи.
Тој во Дубаи го претстави планот како Македонија планира уште повеќе да ги користи обновливите извори на енергија.
„Ние сме горди на нашата зелена транзиција кога е во прашање производство на електрична енергија, со 30 проценти електрична енергија добиена од обновливи извори ние сме лидери во Југоисточна Европа. Имаме потенцијал за нови вложувања во обновливи извори на струја. Македонија има повеке од 2.000 соларни саати годишно, и голем хидропотенцијал. Инвеститорите покажуват се поголем интерес за искористување на потенцијалот на ветерот во Северна Македонија. Пред три, четири години зборувавме за производство на 200 мегавати струја од обновливи извори, а денес апетитите и плановите се многу посериозни. Од фотонапонски систем очекуваме 100 мегавати електрична енергија од јавни претпријатија и 300 мегавати од приватни инвеститори, производство на струја од хидропотенцијал треба да се зголеми за 400 мегавати и 400 мегавати од ветерници, три четвртини од органскиот отпад треба да се искористи за биогас и производство на електрична енергија со количина од најмалку 250 мегавати. Со тоа ќе се замени производството на струја од јаглен, така што на глобално ниво планираме да бидеме први во регионот кои до 2035 година потполно ќе го замениме производството на струја од јаглен, со обновливи извори.
Со оглед на фактот дека текстилната индустрија во Република Северна Македонија е втор најголем индустриски сектор со кој остварува 14 проценти од вкупниот извоз, зад нејзиното производство останува огромен отпад. Тој отпад сега ќе се рециклира за добивање на суровина од која ќе се прават душеци за индустријата за мебел“, рече Павлески.
Павлески вели дека во сите сектори се бориме против загадување и развиваме циркуларна економија. Во Дубаи беше презентиран моделот на Фабриката за прехранбени производи и фарма „Везе шари“ во близина на Тетово која целокупниот свој органски отпад веќе го користи за добивање на енергија од биогас. Ова ги стимулирало и околните фарми и кланици својот органски отпад кој го добиват при преработка и производство на млеко и месо, производство на вино за да ги намалат трошоците за одлагање на отпад, да го испраќат во „Везе шари“ каде се преработува во биогас.
ЗЕЛЕНА АГЕНДА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Северна Македонија многу успешно се вклопи во првата тематска конференција затоа што уште минатата годна заедно со останатите земји од регионот, на Самитот во Софија во рамките на Берлинскиот процес, ја потпиша Декларацијата за зелената агенда за Западен Балкан која има за цел до 2050 година комплетно да го неутрализира јаглородот од овој дел на Европа преку строгите климатски политики и преку преземање на реформи во енергетскиот и транспортниот сектор.
Земјите во регионот ќе треба поблиску да соработуваат на остварување на оваа цел, а Европската унија јасно ја покажува својата поддршка за поамбициозно остварување на кружна економија, одржливо земјоделство и производство на храна и биоразновидност. Сето ова треба да доведе до одржлив економски раст и креирање на заеднички регионален пазар и Зелена агенда.
Во рамките на остварувањето на оваа цел, на неодамна одржаниот Самит на ЕУ со лидерите на Западниот Балкан во Словенија, со усвоената декларација , за регионот се најавени 30 милијарди евра помош од кои девет милијарди се неповратни сретства кои наменски ќе им се дадат на земјите во регионот за остварување на главните целите на Акциски план за Зелена агенда. Тоа практично значи дека преку директна помош и инвестиции, сите 30 милијарди евра ќе бидат ставени во функција за остварување на Екомскиот инвестициски план за Зелена агенда во целиот регион. Во средиштето на сите стопански активности ќе биде одржлив развој, заштеда на енергија, заштита на природата и климатска акција во согласност со целите на ЕУ.
Советот за регионална соработка (РЦЦ) е задолжен за кординација при изработка на документацијата које се однесува на намалување на емисијата на стакленички гасови, постапно намалување на користење на јаглен, контрола на загадување и заштита на животнста средина до 2030 година. Зелена агнда за Западен Балкан треба да го олесни искористувањето на огромниот потенцијал на обновливи извори на енергија. Во рамките на ова ЕУ ке ја засили и дипломатската ктивност со регионот и соработка со земјите од Западен Балкан за почитување на Парискиот договор кој треба да биде битене елементи за сите идни трговски договори со ЕУ.
Порталот Балканенерџи њус неодамна во рамките на редовната ревизија на придонесот на земјите од регионот во борба против климатските промени и на национални планови за климатски промени објави дека во рамките на остварување на овие планови Република Северна Македонија значајно напредувала во изработка на Национален енергетски климатски план (НЕКП) Европската комисија смета дека дека спроведување на овие планови е темел на остварување на Зелената агенда.
ПОКАНА ЗА ЕВРОПСКИ КОМПАНИИ ВО КИНА ДА ДОЈДАТ КАЈ НАС
Директорот на Агенцијата, Дејан Павлески во Дубаи оствари работна средба со делегација на Развојната агенција на Франција во која беа Жил Порт, Оливие Нажар, г -ѓа Лора Мари и Александар Фишман.
Покрај инвестициските потенцијали на земјата и поддршката која Агенцијата ја дава на извозно-ориентираните компании на средбата се дискутираше и за соработката и поддршката на Агенцијата на постоечките странски инвеститори, како и владините мерки за привлекување на нови инвестиции. Се дискутираше за сериозна предност на Северна Македонија и можност поради новонастанатите состојби, дел од европските компаниите кои се инвеститори во Кина и на далечниот исток, во блиска иднина да преселат дел од производствените капацитети во Европа и дека тоа е шанса за македонската економија да вдоми дел од нив.
„Во моментот разговараме со две француски компании заинтересирани да инвестираат во земјата“, вели Павлески.
Соработката со Франција во делот на зголемување на обемот на трговска размена и привлекување нови инвеститори е од исклучително значење за нашата земја, беше заклучено на состанокот.
Инаку, Изложбата „Дубаи Експо“ е најголемата светска изложба, на која своевремено своите изуми и иновации ги претставија и Чарлс Дарвин, Никола Тесла, Винсент Ван Гог, на неа првпат е претставена Ајфеловата кула, првиот ескалатор-подвижни скали за стоковни куќи …
Како мала земја секако дека има повеќе да чуеме и видиме од она што можеме да го прикажеме. Идната недела во Дубаи на Експо 2020 ќе биде вицепремиерот на Република Северна Македонија за економски прашања Фатмир Битиќи, и од него очекуваме значајни средби кои ќе бидат во функција не само на привлекување странски инвестиции, туку и на нашата понуда на свестка економска елита.
Првата недела, од 3 до 9 октомври беше посветена на Климата и Биодиверзитетот, климатските промени, циркуларната економија, загрозени региони, зелена економија и нашето учество во овие области беше запазено. Но, сигурно е дека и во идните недели можеме да се најдеме во некоја од сесиите. Од 17 до 22 октомври настаните на „Експо 2020 во Дубаи“ се посветени на вселената, сателитската технологија и авио индустријата. Од 1-5 ноември темата е урбан и рурален развој, од 13 до 17 декември, знаење и учењето, иднина на образованието, од 9 до 14 јануари, патувања и поврзувања, дигитално поврзување, е-управа, паметна мобилност, туризам и трговија, синџири за снабдување, сообраќај… Од 17 до 21 јануари, глобални цели, женско претприемништво, развој на компаниите, од 30 јануари до 2 фебруари, здравје и медицински туризам, од 18 до 23 фебруари, земјоделие и исхрана, од 21 до 25 март, вода. Поканата за учество и во овие сесии е отворена и за Република Северна Македонија.