Во Приштина вчера е отворена изложбата на фотографии и лични предмети посветена на 109 загинати и исчезнати деца за време на војната во Косово 1999 година.
Изложбата е поставена во градската библиотека „Хивзи Сулејмани“ во Приштина, и ќе биде отворена за јавноста една година. На ѕидот на влезот на библиотеката се напишани имињата на децата, а на другите ѕидови и стаклени инсталации се закачени и наредени личните предмети на децата, од облека, играчки, книги, тетратки и други предмети.
Оваа изложба е подготвена од Фондот за хуманитарни права во Косово, како дел од 20 годишните истражувања. Фондот за хуманитарни права во Косово планира да изгради меморијален центар за загинатите и исчезнати деца за време на војната во Косово. Оваа организација собира податоци и ги документира воените злосторства врз децата, во комуникација и со дозвола на родителите.
Д. Т.