Израел денеска лансираше нова верзија на својот шпионски сателит Офек и порача дека таа ќе го подобри надгледувањето со висок квалитет за воената разузнавачка служба.
Oфек-13, што го произведе компанијата „Израелска воздухопловна индустрија“ е најновиот во серијата домашни сателити кои првпат беа лансирани во 1988 година.
Лансиран со ракета Шавит над Средоземното Море, траекторија кон запад за која Израел обично се одлучува поради мерките на внимателност за чувствителните технологии да не се најдат во рацете на непријателските соседи на Блискиот Исток во случај на дефект.
„Oфек-13 е најнапредниот во својата класа, со единствени можности за радарско набљудување и овозможува собирање разузнавачки податоци во сите временски услови и при намалена видливост“, рече извршниот директор на компанијата, Боаз Леви.
Израелските власти ги унапредуваат капацитетите за надзор за да ги следат активностите на противниците, како што е Иран, држава која Тел Авив ја смета за голема закана.